Кремљ внимателно ќе го следи состанокот на Бајден и Зеленски во Вашингтон

December 12, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кремљ соопшти дека внимателно ќе го следи состанокот денес меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот украински колега Владимир Зеленски во Вашингтон, јавува Анадолу.

На прес-конференција во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите изјави дека исходот од средбата нема да ја промени ниту ситуацијата на линијата на фронтот во Украина, ниту напредокот на руската „специјална воена операција“ во земјата.

„Тука, се разбира, важно е за секој да разбере дека десетици милијарди долари испумпани во Украина не ѝ помогнаа да постигне никаков успех на бојното поле. Останатите десетици милијарди долари што Украина сака да се втурнат во нејзината економија, исто така ќе биде осудени на истото фијаско“, додаде Песков.

Песков рече и дека „неуспесите“ во Украина го „колебаат авторитетот“ на функционерите во земјата.

Цитирајќи „конкретни информации“, тој додаде дека Руската служба за надворешно разузнавање заклучила дека Западот се подготвува да го замени Зеленски како претседател на Украина, без да даде дополнителни информации за да го поткрепи тврдењето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија: Во операција против наркотици запленети 500 килограми канабис

Следно

Супер добитен ноември: Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите фантастични 62 894 439 денари

Latest from Blog

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува
Go toTop