Кремаста кајгана – брз и вкусен појадок

January 27, 2026
1 min read

Оваа кремаста кајгана е идеален избор за едноставен, а многу вкусен протеински појадок. Се подготвува брзо, со неколку состојки, а резултатот е меко, богато и ароматично јадење кое лесно може да стане ваше омилено утринско задоволство.

Состојки (за 2 лица):

5 јајца
2 лажици крем-сир
200 грама шери домати
1 лажица куркума во прав
1 лажица лук во прав
сол по вкус
малку лута пиперка (по желба)
50 грама спанаќ
путер за пржење

Подготовка:
Во подлабок сад изматете ги јајцата. Додадете го крем-сирот и добро измешајте додека смесата не стане хомогена. Потоа додајте ги зачините: куркума, сол, лук во прав и лута пиперка исечкана на тенки парчиња. Повторно промешајте. Во тава растопете малку путер и, кога ќе се загрее, истурете ја смесата. Гответе на умерена температура со постојано мешање околу 10 минути, додека кајганата не стане кремаста. Послужете со свеж спанаќ, шери домати, по желба. Едноставно, кремасто и многу вкусно.
Добар апетит!

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски на средба со генерал-потполковник Питер К. Скот: Македонската Армија продолжува со активен и видлив придонес во НАТО операциите

Следно

30 лица загинаа во зимска бура: Нов бран студ ги погоди САД

Latest from Blog

Два гола на Левандовски во незаборавно деби на домашен терен (ВИДЕО)

Фото: Чикаго Фајрс Настанот на вечерта во МЛС дефинитивно беше дебито на Роберт Левандовски за својот нов тим Чикаго Фајер на домашен терен, кое беше назаборавно. Новиот тим на легендарниот Полјак заостануваше

Г.Г. Стефан: Единството е најсилниот чувар на Македонија

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во Илинденското послание порача дека трите Илиндена претставуваат сведоштво за историскиот континуитет на Македонија и симбол на стремежот на македонскиот народ кон слобода и државност. Тој

Иднината на Вини е мистерија: Финални преговори со Реал следната недела!

фото: AFC Xtra @AFC__Xtra (X) Продолжување на договорот или потенцијално заминување. Што ќе се случи со бразилската ѕвезда во Реал (М) сè уште неизвесно, пишува „Марка“. Иднината на Винисиус останува целосна мистерија.

Потпретседателот Милошоски ја пречека коњаницата во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска, во рамки на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ 2026, ја пречека коњаницата пред столбот на Крушевската Република. По пристигнувањето на коњаницата и формирањето на свечената поворка,
Go toTop