Кралската морнарица сфаќа колку заостанува

January 29, 2024
1 min read

И покрај тоа што САД и Велика Британија офанзивно тргнаа кон Хутите, превозот преку Баб ел Мандеб и Суецкиот канал е намален за 30% а транзитот на контејнерски бродови е намален за дури 80 отсто.

Скорешен извештај на LSEG Shipping Research покажа дека пренасочувањето на танкер од Азија кон северозападна Европа оздола, преку Ртот на добра надеж носи дополнителни трошоци од речиси еден милион долари по патување и го продолжува транзитот од 16 до 32 дена.

Сè во европските домови ќе почне да пристигнува доцна и да биде поскапо.

„Од сите земји со бродови кои минуваат таму, САД веројатно најмалку зависат од држењето на линиите отворени. Можете да сфатите зошто се фрустрирани кога гледаат како другите засегнати држави балансираат со политички агенди и зборуваат за евро-решение“, пишува Том Шарп во британски Телеграф. 

Двокомпонентната коалиција против Хутите истовремено ја  покажа и дискрепанцата меѓу воената сила на САД и инфериорноста на Велика Британија чија армија и заостанува технолошки и кубури со персонал. Тоа што Лондон неодамна го посети секретарот на американската морнарица Карлос Дел Торо и на домаќините отворено им порача дека треба повеќе да инвестираат во одбраната, за Шарп е недвосмислено понижување.

Шарп пренесува дека знае многу храбри британски момци кои се откажале од желбата за служење во армијата заради бирократската неефикасност, долгите чекања и слични технички проблеми.

Кога првиот човек на армијата дури и само ќе навести можност за регрутации, јасно е дека нешто не е во ред.

„Повеќе пари не секогаш се решение за сè, ќе требаат железни гаранции од одбраната дека парите ќе ги трошат подобро од досега, но веќе не можеме да ја игнорираме црната дупка во финансирањето“, пишува колумнистот.

Идејата дека „ќе ги зголемиме трошоците до 2,5 отсто кога тоа ќе го дозволат економските услови“ веќе не врши работа и тоа на Британците отворено им го кажа Торо.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари за литар

Следно

Рашфорд казнет со 650 илјади фунти

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop