Ковачки: Работите во судството се катастрофално лоши, потребни се оставки во судски совет, генерален ремонт и реизбор

October 3, 2024
1 min read

Работите во судството ни се лоши, катастрофално лоши и тоа е оценка на сите од надвор и од внатре, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Тој посочи дека поради нула ажурност на судовите резултатите се катастрофални.

Резултатите се катастрофални со ажурност нула на судовите. Од одредени судови се праќаат по други, од едни апелациони подрачја во други се праќаат на испомош затоа што нема судии, вели Ковачки.

Тој продолжи и додаде:

Правдата генерално во Република Македонија ја нема тоа правосудство, судство, обвинителство таа спрега е скапана и тука ние не може да направиме исчекор без генерален ремонт. Мора да имаме генерален ремонт и реизбор, потенцираше Ковачки.

Тој е дециден дека сите во судскиот совет треба да си дадат оставки.

Судски совет како што сега е поставен треба да си дадат оставки затоа што доведоа до тие 2% доверба, додаде Ковачки.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милошоски: Изборот на Наќе Ѓорѓиев за врховен судија е направен надвор од Судскиот совет

Следно

ФФМ ги казни Тиквеш, Башкими и Вардар Неготино

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop