Милошоски: Изборот на Наќе Ѓорѓиев за врховен судија е направен надвор од Судскиот совет

October 3, 2024
1 min read

Потпретседателот на Собранието и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на  Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците изјави дека изборот на Наќе Ѓорѓиев за врховен судија, не бил „избран“ на седница на судскиот совет, туку надвор од него, од страна на раководството на претходната Влада.

„Лорета Ѓорѓиева има една квалификација за поранешниот судија Наќе Ѓорѓиев, а тоа е дека бил прекрасна личност и професионалец. Инаку, Лорета Ѓорѓиева е блиска другарка на господинот Зоран Заев, оној познатиот реформатор кој отвораше судство како пупки, а нејзиниот сопруг е долгогодишен директор во комуналец Струмица и не само тоа, туку и долгогодишен соработник за одредени би рекол изборни нерегуларности во Струмица.“, појасни Милошоски.

Милошоски дополни дека стопанственик од Штип во 2022година, го пријавува судијата Наќе Ѓорѓиев за нестручно и несовесно работење, барање на поткуп и селективно вршење на изземање на судии за одредени фирми. Кога бил отворен предмет против поранешниот врховен судија, Ѓорѓиев му се заканил на Ивица Николовски зошто била водена постапка против него.

„Поднесувањето на оставки од страна на неколку или сите членови на судскиот совет, може да биде и предизвикување на еден морален чин, кој што може да предизвика од позитивна гледна точка аларм кон сите оние кои што во минатото сакале или го злоупотребиле судскиот совет, без разлика од која позиција го правеле тоа“, додаде Милошоски.

Милошоски со претходно наведеното, заклучи дека Судскиот совет наместо да биде орган кој треба да наметне хиерархија, авторитет и построги правила во судството, советот дејствувал под тие правила и норми на однесување.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавена програма за Андерфест фестивал 6, почнува на 1 ноември

Следно

Ковачки: Работите во судството се катастрофално лоши, потребни се оставки во судски совет, генерален ремонт и реизбор

Latest from Blog

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој
Go toTop