Ковачевски во Тирана на Самитот на лидери на Берлинскиот процес

October 16, 2023
1 min read

реклама


Постигнувањата во рамки на Берлинскиот процес и влијанието на иницијативата врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи, ќе бидат во фокусот на Самитот на лидери на Берлинскиот процес што се одржува денеска во Тирана и на кој учествуваат премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

На Самитот е најавено е присуство на германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, на лидерите од земјите од регионот на Западниот Балкан и членките на ЕУ – Австрија, Хрватска, Грција, Унгарија, Холандија, Словенија, но и високи претставници на ЦЕФТА, ОЕЦД, Советот за регионална соработка, Светската Банка, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска Банка.

реклама

Во рамки на Самитот ќе се одржат работни сесии на кои на највисоко ниво ќе се дискутира на теми поврзани со интегрирањето на регионот во единствениот пазар и подобрување на конвергенцијата со ЕУ, како и поддршката на зелената и дигиталната транзиција во земјите од Западен Балкан. Се очекува да се разговара за постигнувањата во рамките на Берлинскиот процес и влијанието на иницијативата врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи.

На Самитот планирано е усвојување на повеќе документи и заклучоци, како и потпишување на Договор за признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите од страна на лидерите на земјите од Западен Балкан, како и продолжување на Договорот потпишан на минатогодишниот Самит на Берлински процес со кој се признаваат професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите.

реклама

Како што соопшти Европската комисија, Самитот ќе биде можност претставниците на ЕУ да разговараат со регионалните лидери за новиот План за раст на Западниот Балкан, кој моментно го подготвува ЕК и кој има за цел уште од сега да им овозможи на граѓаните на земјите од регионот да ги почуствуваат придобивките од членството во Унијата, како што се пристапот до единствениот европски пазар, регионалната економска соработка, забрзувањето на фундаменталните реформи и зголемената финансиска поддршка. 

Планот за раст ќе ја надополни поддршката за земјите од Западниот Балкан, што веќе е обезбедена во рамки на Економскиот и инвестициски план на ЕУ од 30 милијарди евра, започнат во 2020 година, кој досега мобилизираше 16 милијарди евра инвестиции за водечки проекти во регионот. 

реклама

За време на Самитот предвидено е премиерот Ковачевски да оствари средби со канцеларот Шолц, со еврокомесарот Вархеји, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо и со потпретседателката на Светската Банка за Европа и Азија, Антонела Басани. 

Берлинскиот процес се развива со поддршка на Европската комисија, меѓународните финансиски институции, земјите членки на ЕУ вклучени во процесот – Германија, Франција, Австрија, Бугарија, Хрватска, Италија, Словенија, Грција и Полска, како и Обединетото Кралство, заедно со шесте земји од Западен Балкан. 

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

16 години од смртта на Тоше Проески

Следно

Во израелските напади на Газа досега загинаа 2.750 Палестинци

Latest from Blog

Западот ги финансира критичните минерали со јавни пари, Македонија не ја реализира ниту приватната инвестиција во Иловица

Владите на западните земји треба поактивно да го поддржуваат ископот и преработката на критичните минерали со јавни средства, предупредува американскиот Центар за стратегии за критични минерали. Во најновиот извештај на Центарот се

БИОМЕТРИЈАТА НА ЕУ СОЗДАДЕ ПОВЕЌЕ ПРОБЛЕМИ ОД КОРИСТ – Осум држави бараат од Брисл летното олабавување на биометриските проверки да продолжи и по 6 септември

Биометрискиот систем на ЕУ предизвикува сериозни гужви и повеќечасовни чекања на границите, па дел од аеродромите привремено ги суспендираат проверките кога ќе бидат преоптоварени со патници. Поради проблемите во шпицот на летната

Демонтирана е подната фонтана каде пропаѓаа возила – пластичните држачи ќе се заменат со иноксни профили

Постојната носечка потконструкција, која беше изработена од пластични носачи што ги поддржуваа бетонските плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција изработена од иноксни профили, проектирани

Некогаш една од најубавите плажи во Преспа, денес запуштена: Мештаните сами го чистат Стење

Плажата во Стење некогаш важеше за едно од најубавите и најпосетуваните места на Преспанското Езеро. Во 2015 година таа беше уредена со песок и дополнителни содржини, а потоа привлече голем број домашни
Go toTop