Ковачевски-Вархеји: Северна Македонија треба што поскоро да е дел од ЕУ

October 16, 2023
1 min read

реклама


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Тирана, Албанија, во рамки на неговото учество на Самитот на лидери на Берлински процес, оствари работна средба со Комесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји. На средбата како дел од владината делегација зема учество и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

На средбата беше потврдена цврста поддршка на ЕУ за проширувањето со земји од Западен Балкан, и беше истакнато дека Северна Македонија, како партнер од доверба и земја која последните шест години направи огромен исчекор во возобновување и развој на демократијата и демократските процеси, треба што поскоро да е дел од Европската Унија.

реклама

Соговорниците разменија мислења и информации за актуелните политички состојби во Република Северна Македонија, поврзани со продолжувањето на европскиот пат на земјата и чекорите и одлуките кои треба да се преземат за да се обезбеди продолжување на евроинтеграциите и конечно полноправното членство на земјата во Европската Унија, а согласно утврдената Преговарачка рамка со ЕУ.

На средбата се дискутираше и за Планот за раст на Европската комисија, кој што е оценет како добра шанса за Северна Македонија и нашите граѓани кои со овој план ќе почувствуваат дел од придобивките од членството во ЕУ уште пред да станеме членка. Како што беше разговарано, со овој план сме поблиску до целта, членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година.

реклама

На средбата премиерот Ковачевски истакна дека фокусот на Владата е насочен кон перспективата за членство во ЕУ и дека Владата останува посветена на европската агенда, имајќи го предвид фактот дека за членството во ЕУ има висока поддршка од граѓаните. Соговорниците изразија надеж дека сите политички чинители ќе ја имаат предвид неповторливата шанса за придвижување на земјата напред и ќе го исполнат барањето на граѓаните, земјата да стане полноправна членка на ЕУ.

Премиерот Ковачевски истакна дека процесот на евроинтеграции не треба да се блокира, пред сѐ имајќи предвид дека тоа е спротивно на волјата на граѓаните, но и поради фактот дека стопирањето на евроинтеграцискиот процес поради неисполнување на обврските од преговарачката рамка, ќе ги закочи и сите процеси на економски и социјален развој неопходни за приближување на македонското општество до европските стандарди на живот.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската војска продолжува со нападите на Газа

Следно

Божиновски: Разликата на изборите ќе биде повеќе од 15 – 20 пратеници во корист на ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop