Ковачевски: Одговорноста за уставните измени е на сите политички партии, не само декларативно, туку реално

March 20, 2023
1 min read

Сметам дека сите политички партии и сите политичари коишто декларативно се за членство во Европската Унија, сега треба да покажат дека се и реално со одлуки, со одлучност и со визија за членство во ЕУ. Одговорноста за тоа е на сите политички партии, не само декларативно, туку реално, истакна премиерот Димитар Ковачевски на денешниот настан посветен на хуманоста и солидарноста со настраданото население на Турција и Сирија.

Тој одговарајќи на новинарско прашање околу тоа како ќе се спроведат иставните измени, рече дека една од одлуките којашто треба да се донесе на патот кон ЕУ е и изгласување на уставни амандмани со цел остварување на обврските коишто произлегуваат од заклучоците коишто Собранието ги донесе со мнозинство гласови во текот на месец јули минатата година и коишто се дел од преговарачката рамка со 27 земји членки на ЕУ, исто како преговарачките рамки коишто ги имаат и други земји кои преговараат и имаат обврски кои треба да ги спроведат.

-Уставните измени според тоа не се ниту еден човек што треба да ги спроведе, не се ниту процес на една политичка партија, ниту процес на една Влада, туку тоа е процес пристапување кон ЕУ којшто е за целото општество заради остварување на повисок стандард, повисоки плати и да можат нашите граѓани да живеат на земја членка на ЕУ, ама тука, во нашата држава во Северна Македонија, а не да живеат во ЕУ во туѓина, во други држави кои што се членки на ЕУ, потенцираше премиерот.

Тој истакна дека уставните измени се пропишани со закон, и оти целата процедура е многу јасна транспарентна, која што се води од страна на Министерството за правда со експертска група која што ќе биде формирана, во која што ќе учествуаат сите експерти, а потоа истиот процес се спроведува во Собранието.

-Ние како држава покажавме дека сме фактор за стабилност на Балканот и најголемата потврда за тоа дојде на крајот на минатата недела кога во Скопје се одржа Советот за асоцијација и стабилизација со ЕУ каде што сите можевте и заедно со нашите граѓани да ги чуете јасните ставови на потпретседателот на ЕУ и на комесарот за проширување во коишто јасно кажаа дека преговарачката рамка за нас е многу јасна, која што е поддржана од сите 27 земји членки, рече Ковачевски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Комерсант: Кремљ им порача на функционерите да не користат ајфони

Следно

ОБСЕ го поздрави напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Latest from Blog

Андонов: Паушалните сметки треба да бидат реални – секој сака да плати колку што потрошил!

Виктор Андонов, член на работната група за енергетика предложен од СДСМ, денеска во емисијата Бизнис21 на ТВ21 ја истакна потребата од правична пресметка на електричната енергија, со посебен акцент на проблемот со

Филипче од Неготино: Владата нема ни капацитет, ни идеја како да ја води државата

„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат катастрофални резултати, имаат катастрофален начин на владеење. Имаме Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Влен и ЗНАМ којашто работи спротивно на државните и на националните интереси и не прави ништо добро

Новаковски во 24 анализа: Коалициите и овие локални избори ќе ги претворат во борба за територии и градови

Поранешниот генерален секретар на Собранието, Александар Новаковски во 24 анализа рече дека, мотивот на Таравари за несогласувањата кои ги има во моментов е непознат. Според него, тој е влезен во политичка кампања.
Go toTop