Комерсант: Кремљ им порача на функционерите да не користат ајфони

1 min read

Руската претседателска администрација им порача на функционерите да престанат да користат ајфони на Епл поради загриженоста дека уредите би можеле да бидат осетливи на западните разузнавачки агенции, објави денеска рускиот весник „Комерсант“.

На семинарот организиран од Кремљ за функционери вклучени во внатрешната политика, првиот заменик-шеф на кабинетот на рускиот претседател, Сергеј Кириенко, им рекол на службениците да ги сменат мобилните телефони до 1 април, пишува „Комерсант“, повикувајќи се на неименувани извори.

„Готово е со ајфоните: фрлете ги или дајте им ги на децата“, цитира „Комерсант“ еден од учесниците на состанокот кој додава: „Сите мора да го направат тоа во март“.

Кремљ може да даде други уреди со различни оперативни системи да го заменат ајфонот, пишува „Комерсант“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека не може да го потврди извештајот, но дека паметните телефони и онака не можат да се користат за официјални цели.

Претседателот Владимир Путин секогаш велеше дека нема паметен телефон, иако Песков рече дека Путин повремено користи Интернет.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Гази Баба дава финансиска поддршка за реконструкција на кровови на згради и куќи

Следно

Ковачевски: Одговорноста за уставните измени е на сите политички партии, не само декларативно, туку реално

Latest from Blog