Ковачевски не сака да коментира за кавгите во ВМРО ДПМНЕ, но повика на обединување за уставните измени

September 25, 2023
1 min read

реклама



Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски не сака да ги коментира кавгите во опозициската ВМРО ДПМНЕ, или како што вели „не сакам да коментира динамика во други политички партии“. Повика на обидинување за уставните измени, за побрз влез на нашата држава во ЕУ.

-Јас неколку пати имам кажано дека клучна работа во државата е да сите се обединиме во градење на една европска држава, заедно во Собранието да го отвориме патот кон полноправно зачленување во ЕУ. Ние пред една година започнавме процес на скрининг, кој значително успешно се одвива и затоа никој не поставува прашање. Да се одвиваше лошо, веројатно ќе имаше прашање за скринингот. Меѓутоа тој успешно се одвива, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на компанијата „Алма – М“.

реклама

Посочи дека предстои одлука во македонското Собрание, која треба да се донесе со двотретинско мнозинство за уставните измени, а со цел да се отворат поглавјата и кластерите. Ковачевски е оптимист дека штом ќе се отворат кластерите, првото поглавје ќе биде затворено уште во февруари 2024, бидејќи во тој дел нашата држава е подготвена институционално, законски, како и со кадровскиот потенцијал со кои располагаат соодветните институции.

-Јас секогаш сум верувал дека во опозицијата има луѓе коишто сакаат да ја видат земјата како членка на ЕУ, ако некој ја увидел грешката од изолација на државата, тоа е ВМРО ДПМНЕ, подвлече Ковачевски.

реклама

Забележа дека стратешките одлуки за државата се тешки одлуки, а нашата држава според него го имаше најтешкиот пат за зачленувањето и во НАТО, а сега и во ЕУ.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Затвореник им зел 4.000 на затворски командири ветувајќи им работа во МВР

Следно

„Инцидентот на Косово не влијае во Македонија“ – Петровска: Одблиску ја следиме ситуацијата на северот на Косово

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop