Ковачевски не напиша датум за избори на листот што му го даде ВМРО-ДПМНЕ

October 26, 2023
3 mins read

Избори во оваа држава согласно закон и Устав распишува претседател на Собранието во рокови определени согласно закон и мандат на избраните функционери, рече премиерот одговарајќи на прашање од пратеникот Бојан Стојаноски

Димитар Ковачевски, претседател на Владата на РСМ / ФОТО: Влада на РСМ

Избори во земјава распишува претседателот на Собранието според рокови определени со закон и мандат на избраните функционери. Ова беше одговорот на премиерот Димитар Ковачевски кој го даде денеска од собраниската говорница откако беше прозван од пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ да каже заеднички датум на одржување на претседателските и парламентарните избори идната година.

Стојановски на собраниската говорница остави испечатен лист на кој пишуваше претседателски и парламентарни избори и имаше празно место за Ковачевски да го напише датумот на нивно одржување меѓу празниците Велигден и Рамазан Бајрам. Но, листот остана непополнет, а Ковачевски замина од собраниската сала.

Во одговорот до Стојаноски, премиерот потсети и на годините на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и за изборите кои се одржувале во тоа време.

„Избори во оваа држава согласно закон и Устав распишува претседател на Собранието во рокови определени согласно закон и мандат на избраните функционери. Кога зборуваме за избори, вие треба да се потсетите во тоа време дека избори се организираа така како што ќе и дојдеше на наоѓање на политичката околност на вашата партија и затоа парламентарни избори имавме скоро секоја година или секои две години, а некогаш се случуваше кога едни избори ќе завршат во една година за неколку месеци да има други избори“,

рече Ковачевски.

Како што рече Ковачевски во Министерството за правда постои работна група во која учествуваат претставници од политичките партии освен ВМРО-ДПМНЕ, каде се подготвуваат измените на Изборниот законик согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.

„Во Министерството за правда постои работна група, во која учествуваат претставници на политички партии, освен ВМРО-ДПМНЕ. Од кои причини? Не знам. Тоа веројатно е наследство од пристапот кој што вашата партија го имаше во текот на споменатите 11 години кога беа дерогирани и институции, систем и закони и кога по политичка волја се носеа заклучоци, процеси кои што се спроведуваа. Таму се прават измените согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и се надевам дека ќе пратите претставници за да можат да ги погледнат и да ги дадат своите забелешки“,

додаде Ковачевски.

По одговорите од премиерот, пратеникот Стојаноски рече дека работната група во Министерството за правда е за измени на Изборниот законик од аспект на, какошто рече, вашето дадено ветување за една изборна единици и за слични такви измени.

„Таа работна група, која вие ја најавивте и ние бараме да се состане во рамките на парламентот, за која утрово на брифинг со новинарите информираше претседателот Талат Џафери, е група која ќе треба да разговара за измените на законот од аспект на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР кои мора да се случат на шест месеци пред избори. Тоа е веќе пробиено и бегате од тоа. Бегате и од тоа да се договори еден датум на избори“,

рече Стојановски.

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница / ФОТО: Принтскрин

Претседателот на собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите рече дека до Нова година партиите треба да се договорат и да постигнат консензус за датумот на претседателските избори со цел да се запазат уставните рокови. Џафери рече дека парламентарните избори се друга приказна и за нив има други рокови. Што се однесува до формирањето работни групи за изборите, Џафери посочи дека им кажал на координаторите на пратеничките групи да размислат за изборниот процес и за сите обврски кои произлегуваат од него.

Претседателските избори, како што кажа Џафери, не можат да бидат предвремени и тие треба да се одржат во рок од 60 дена пред истекот на мандатот на актуелниот претседател, односно новоизбраниот претседател мора да биде инаугуриран на 12 мај. Согласно таа рамка од 60 дена, според Џафери, претседателските избори треба да се одржат, првиот круг најрано на 14 март и вториот круг најдоцна на 12 мај.

Што се однесува до парламентарните избори, според уставниот рок од 90 дена, тие би можеле да се распишат најрано на 5 мај 2024 година, објасни спикерот. Сè што е пред 5 мај, се предвремени избори и тогаш важат други рокови. Во врска со парламентарните избори, треба да се има предвид и рокот за формирање техничка влада, 100 дена пред нивното распишување.

Денеска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно го повика премиерот Димитар Ковачевски да излезе со конкретен датум за претстојните претседателски и парламентарни избори додавајќи оти неговата партија нема да ги иницира состаноците на работната група која треба да ги договори официјалните датуми за изборите бидејќи, како што вели, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нападната зошто таа е иницијатор на состаноците, а не претседателот на Собранието, Талат Џафери.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Набавка на дронови во текот на следната година, најави Петровска

Следно

Град Скопје: АА прво да погледнат кон своите кадри и да побараат реакција од надлежните државни органи, а потоа да коментираат за други

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop