Костадиновска-Стојчевска: Гостувањето на светски реномираниот актер Малкович е гест кој силно го обележува годинашното „Охридско лето“

July 25, 2023
2 mins read

Во рамките на 63. издание на фестивалот „Охридско лето“, утревечер на сцената на Античкиот театар ќе биде изведена претставата „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“, која, за првпат на реномираниот фестивал и во нашата држава, го носи светски познатиот холивудски актер, режисер и продуцент Џон Малкович.

Гостувањето на претставата, која е во режија на Михаел Штруминген, е дел од европската турнеја. Настапуваат и солистите Чен Реис и Сузан Лангбеј, како и Оркестарот на Виенската академија под диригентската палка на Мартин Хаселбок.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција во Охрид, заедно со Џон Малкович и раководството на фестивалот „Охридско лето“, истакна дека честа е огромна што почитуваниот Џон Гавин Малкович, добро познато име на светската публика, ќе ја испише фестивалската историја на најголемите ѕвезди кои заблескале на „Охридско лето“  еден од петте најелитни европски фестивали.

Костадиновска-Стојчевска му посака добредојде на холивудскиот актер, режисер и продуцент Малкович во нашиот бисер на Балканот, Охрид, и додаде дека неговото гостување претставува вистинска реткост, изразувајќи му голема благодарност за поддршката што ја дава на 63. издание на „Охридско лето“.  

Ми причинува задоволство што по гостувањата на светски познатиот композитор Енио Мориконе, неповторливиот Хозе Карерас, славната Џеси Норман, маестро Зубин Мехта, белгискиот челист Миша Мајски, славниот диригент и композитор Кшиштов Пендерецки, Елена Мошуц, Иво Погорелиќ, Стефан Миленковиќ и ред други славни имиња, и американскиот актер Џон Малкович ќе влезе во низата најексклузивни уметници кои настапиле на грандиозната сцена на Античкиот театар. Тој, со својата драмска уметничка вредност прикажана во театарската претстава „Пеколна комедија – исповедта на еден сериски убиец“, ќе остави траен белег на нашата најеминентна културно-сценска манифестација, потенцираше Костадиновска-Стојчевска. 

Министерката за култура се заблагодари и на Амбасадата на САД во Република Македонија за поддршката и соработката како стратешки партнер на нашата земја, со кого имаме завидни резултати во областа на културата.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека гостувањето на светски реномираниот актер Малкович е гест кој силно го обележува годинашното „Охридско лето“, а на македонската јавност и на гостите во Охрид им нуди ретка можност да го проследат настапот на еден од водечките актери со многубројни остварени улоги и две номинации за „Оскар“.  

Директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, посочи дека годинешново фестивалско издание ќе остане запаметено по најгламурозната оперска дива, Анџела Георгиу, која приреди незаборавен концерт на свеченото отворање, но и по славниот американскиот актер, продуцент и режисер Џон Малкович кој првпат настапува во Македонија. Токму за утрешниот настан, како што посочи Поповиќ, се направени многубројни резервации од целиот регион, но и од Бразил, Холандија, Франција, САД и од многу други земји. 

Малкович, пред новинарите во Охрид, ја опиша соработката со диригентот Мартин Хаселбок и со Виенската академија, и, како што кажа, сакале да претстават некоја австриска приказна. Тој додаде дека ја сака оваа претстава бидејќи ги поврзува театарот и глумата со класичната музика и на иновативен начин ја привлекува публиката. 

Селекторката на драмската програма, Сања Арсовска, изрази задоволство што го имаме еден од најголемите актери во времето во кое живееме.

Сите го познаваме, пред сѐ, од неговата филмска кариера иако неговите почетоци во актерството се во театарска компанија во Чикаго. Малкович е еден од ретките актери во Холивуд кој сѐ уште има допир со театарската уметност, рече Арсовска. Таа додаде дека оваа претстава својата драматуршка структура и емотивна архитектура ја гради врз две спротивности, а тоа се комедијата и психолошката драма.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Загинаа двајцата пилоти од „канадерот“ што се урна на грчкиот остров Евија

Следно

Свештеник кој водел погреб на киднапирано девојче во 1975 година, сега е обвинет за нејзиното убиство

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop