Свештеник кој водел погреб на киднапирано девојче во 1975 година, сега е обвинет за нејзиното убиство

July 25, 2023
1 min read

Дејвид Зандстра, сега 83-годишен свештеник во пензија, го признал убиството на осумгодишното девојче во 1975 година. Освен што го водел погребот на девојчето, со години потоа бил и пријател на семејството на убиеното девојче

Гречен Харингтон имала осум години кога исчезнала во предградието на Филаделфија, утрото на 15 август 1975 година. Требало да оди на верски камп. Нејзиниот сега веќе починат татко ја испратил од дома и ја гледал како оди по улицата сè додека не му се изгубила од погледот.

Последниот што ја имал видено Гречен жива е сведок кој тврдел дека го видел девојчето како на улица зборува со возач на возило, кое многу наликувало на зелениот караван што го поседувал свештеникот Дејвид Зандстра. Кога тој бил испрашан од полицијата, одговорил дека не ја видел Гречен тој ден. Истрагата сега вели дека Зандстра ја поканил Грејчен да влезе во неговата кола кога била доволно далеку од дома. Девојчето му верувало и влегло во возилото. Зандстра во 1975 година бил свештеник во локалната црква. Верските кампови се одржувале во кругот на црквата во утринските часови, а потоа ги превезувал децата до друга црква.

Гречен Харингтон, фото: Delaware County District Attorney’s Office

Гречен никогаш не се појавила пред првата црква и токму свештеникот Зандстра бил тој што го пријавил отсуството на девојчето.

Нејзиното тело било пронајдено во блиска шума, речиси два месеца подоцна.

Сега веќе осомничениот го водел погребот на девојчето.

Како е најден убиецот по речеси половина век?

Годинава, жена која била најдобра пријателка на ќерката на свештеникот ѝ пристапила на полицијата и изјавила дека мисли оти Зандстра е убиецот. Кажала дека често спиела во домот на свештеникот и една таква вечер, кога имала 10 години, се разбудила и го фатила свештеникот како недолично ја допира. Жената им го покажала на полицајците и својот дневник од 1975 година, каде што имала напишано: „мислам дека е можно тој да е киднаперот на Гречен. Мислам дека тоа бил г. З.“.

Дејвид Зандстра, фото: Delaware County District Attorney’s Office

Зандстра се селел повеќепати, живеејќи во Калифорнија и Тексас, пред неговото апсење минатата недела во Џорџија. Полицијата тврди дека го признал делото.

„Го убил ова кутро 8-годишно девојче за кое знаел дека му верува. И потоа, се претставувал како пријател на семејството, не само за време на нејзинот погреб и непосредно потоа, туку со години“,

соопштија од полицијата.

Тој во моментов е во затвор и се чека негова екстрадиција во Пенсилванија. Семејството на убиеното девојче издало соопштение во кое велат:

„Ова е еден чекор поблиску до правдата. Кој и да ја запознаеше Гречен, веднаш стануваше нејзин пријател. Таа зрачеше со љубезност кон сите и беше слатка и нежна. Дури и сега, кога луѓето ја спомнуваат, првото нешто за што зборуваат е колку беше прекрасна“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Костадиновска-Стојчевска: Гостувањето на светски реномираниот актер Малкович е гест кој силно го обележува годинашното „Охридско лето“

Следно

Милошоски: Бугарија ја искористи погрешната тактика на СДСМ

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop