Косово: Започната „Информативната кампања за визна либерализација“

October 5, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Косовскиот премиер Албин Курти на плоштадот Скендербег во Приштина ја започна „Информативната кампања за визна либерализација“, која за Косовците ќе стапи на сила на 1 јануари 2024 година, јавува Анадолу.

На отворањето на кампањата, на граѓаните на Косово им беа поделени летоци за подигнување на свеста за да можат да ги добијат потребните информации и целосно да разберат што треба да имаат кога ќе одлучат да патуваат во земјите од Шенген зоната.

Премиерот Курти рече дека процесот на визна либерализација трае предолго и дека е предоцна за граѓаните на Косово.

Тој нагласи дека овој процес е заслуга на сите граѓани и дека борбата против криминалот и корупцијата се меѓу причините за постигнување укинување на визниот режим за Косово.

„Граѓаните, сите ние, мора да бидеме внимателни бидејќи кршењето на правилата, дури и поединечно, може да доведе до казни и забрана за влез во Шенген зоната. Уште еднаш ви честитаме за ова многу големо достигнување за нашата земја и отсега ќе да може слободно да патуваме, нешто што одамна го заслуживме, но стапува на сила и ќе почне да се применува од 1 јануари следната година“, истакна Курти.

Во оваа кампања, меѓу другото, беше најавено дека визната либерализација има свои правила што мора да се почитуваат, како ненадминување на 90 дена престој во Шенген зоната во рок од 180 дена, поседување валиден пасош, цел на патување, доволно финансиски средства и, исто така, дека визната либерализација не значи право на работа или студирање.

„Прекршувањето на правилата за визна либерализација може да доведе до сериозни последици, вклучително парични казни, забелешка во пасошот и забрана за влез во Шенген зоната до пет години“, се вели во едно од објаснувањата дадени до граѓаните.

Граѓаните на Косово од 1 јануари 2024 година ќе можат без виза да патуваат во Шенген зоната за краткотраен престој од најмногу 90 дена во рок од шест месеци, но без можност за вработување или студирање.

Косовците ќе можат да патуваат како туристи, да ги посетуваат пријателите или семејството, да учествуваат на културни или спортски настани, на деловни состаноци, на лекување, на краткорочни образовни програми и слични активности.

Од 1 јануари 2024 година, оние што имаат косовски пасоши ќе можат да патуваат во Шенген зоната без визи за краткотраен престој, но безвизниот режим нема да важи за Шпанија бидејќи оваа земја не ги признава косовските пасоши. Безвизниот режим вклучува и земји што не се членки на ЕУ, но се дел од Шенген зоната – Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд.

Косово во моментов е единствена земја на Западен Балкан чии граѓани не можат да се движат без виза во Шенген зоната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анкетна комисија за Клиниката за онкологија – први на распит екс министрите за здравство Филипче и Сали

Следно

Зеленски: Во руски напад врз продавница во Источна Украина загинаа 48 лица

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop