Анкетна комисија за Клиниката за онкологија – први на распит екс министрите за здравство Филипче и Сали

October 5, 2023
1 min read

реклама

Анкетната комисија за скандалот со Клиниката за онкологија ја одржа својата прва седница на која пратениците преку утврдување на хронологијата на настаните ќе испитуваат дали има политичка одговорност во овој случај и дали биле загрозени основните човекови права на пациентите кои се лекувале. Први на распит се поранешните министри за здравство Венко Филипче и Беким Сали. Рашела Мизрахи пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ која е претседател на Комисијата рече дека очекува  да бидат донесени заклучоци за вистината, дали има или нема одговорност и ако има, чија е таа.

„Нема да дозволам оваа Анкетна комисија да се претвори во парасудски орган. Ние сме пратеници и политичари кои што согласно одлуката ќе бараат политичка одговорност со чинење или со нечинење за таканаречениот популарно наречен скандал на Онкологија, кој што во суштина сите ние знаеме дека е трагедија. Јас искрено се надевам и верувам дека ова ќе биде првата Анкетна комисија која што ќе ја заврши задачата која што е утврдена со одлуката ќе утврди наоди и ќе предложи решенија“, вели Рашела Мизрахи.

реклама

Ненад Коциќ пратеник од СДСМ вели дека нивната пратеничка група застануваат целосно против злоупотребата на биолошката терапија и бара јасно со име и со презиме да се каже кој е одговорен за овој случај.

„Нашата работа би требало да прати порака и за луѓето во иднина дека не смеат да си дозволуваат на било кој начин да биде злоупотребена функцијата или положбата притоа нарушувајќи ги законите и уште полошо нарушувајќи го здравјето или животот на нашите сограѓани. Било кој што злоупотребил функција или положба без разлика како се вика или од која политичка партија доаѓа треба да биде таргетиран“, вели Ненад Коциќ.

реклама

Со сличен став е и Арбен Зибери од ДУИ. Иако, како што вели тој, комисијата не е судски орган која ќе носи пресуди, сепак ќе се бара политичка одговорност за овој случај, но воедно повика расправата во оваа Комисија да не се користи за политички маркетинг.

„Да не гледаме секоја политичка партија да добива политички поени зашто се работи за здравјето на луѓето, се работи за здравствен проблем. Би било најсоодветно и најдобро сите да придонесеме да се најдат, ако постојат виновници, за наводните злоупотреби кои што веќе беа во јавноста пласирани“, порача Арбен Зибери.

реклама

Во скандалот со Клиниката за онкологија беше обелоденето дека цитостатската терапија за болните од канцер била крадена и препродавана на црно. По ова јавноста се крена на нозе а веќе неколку пати граѓаните одржаа масовни протести пред Влада со барање за одговорност.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Грција забележан пораст на бројот на случаите на Ковид-19

Следно

Косово: Започната „Информативната кампања за визна либерализација“

Latest from Blog

Оваа Шпанија е како казнена експедиција, никој ништо не и може, па ни Мбапе!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Мајсторија, тимска игра, доминација, брутална лекција, казнена експедиција…ова се генерално заклучоците од првото финале на СП. Шпанија по вторпат по својата историја, по 2010, ќе атакува на својата втора титула и

Сè повеќе Германци не сакаат во војска

„Во првите шест месеци од оваа година, примивме 5.862 барања, што е многу повеќе од минатата година, кога беа примени вкупно 3.879 барања“, се вели во соопштението на Федералната канцеларија за семејни

Завршија градежните работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, од утре ќе почнат да сообраќаат возовите на релација Скопје – Битола и и Битола – Скопје

ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе

Полувреме: Ојарзабал од пенал за водство на “Фуријата“, “страшната“ Франција е непрепознатлива!(ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Франција – Шпанија 0:1 е резултатот по првото полувреме од првото полуфинале кое се игра во Далас. Се играше 20.минута кога Дињ го фаулираше Јамал за чист пенал за “Фуријата“. Ојарзабал

Норвешката принцеза доби трансплантација на бели дробови: Длабоко сум благодарна

52-годишната принцеза е „најдобра колку што може да се очекува под овие околности“, соопшти палатата. Таа ќе ги помине следните шест месеци во рехабилитација, а нејзиниот напредок ќе биде внимателно следен за
Go toTop