Косово целосно го забрани увозот од Србија

June 14, 2023
1 min read

Владата на Косово одлучи попладнево да го забрани влезот на секој вид стоки од Србија во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одлуката на Владата на Албин Курти уследи откако денеска Србија приведе тројца припадници на косовската полиција, за кои официјална Приштина и домашните медиуми тврдат дека биле киднапирани од маскирани припадници на српски сили внатре на косовска територија, во близина на меѓудржавната граница на косовскиот север.

Претходно, министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља го обвини Белград дека го прекршува „секој договор и секој принцип на меѓународните норми“ и го повика меѓународниот фактот да го зголеми притисокот врз Србија за да ги ослободи косовските полицајци и да запре со провокациите.

Полицијата на Косово објави дека тројца нејзини припадници денеска биле киднапирани од маскирани лица од Србија на еден од патиштата во северно Косово, на меѓудржавната граница, што се користел од српски криминални групи за нелгален премин и шверц од Србија.

Медиумите во Белград тврдат дека косовските полицајци се уапсени на српска територија, при што објавија и фотографии од апсењето на униформираните лица кои се наводно косовски полицајци. Приштинските медиуми, пак, напоменуваат дека денешниот инцидент се случи ден откако во Северна Митровица беше уапсено лицето Милун Миленковиќ – Луне, за кого се вели дека е еден од водачите на нелегалната организација, поддржувана од Белград, позната како „Цивилна заштита“ и организатор на нападите врз припадниците на КФОР и косовската полиција за време на неодамнешните протести на косовските Срби во Звечане. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петковиќ: Специјалците на Курти не се киднапирани, уапсени се

Следно

Косово со итна мерка: Целосно го забрани увозот од Србија по „киднапирањето“ на косовски специјалци

Latest from Blog

Мицкоски: Граѓаните заслужуваат одговори – кој стои зад милионските хонорари во СЈО?

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка

Да се одржи партнерството со Унгарија, следен клучен сојузник Полска, порача Димовски

Политизацијата на надворешната политика и сведувањето на клучните државни прашања на дневни партиски препукувања е сериозен ризик за македонските национални интереси – порача Илија Димовски во дебатната емисија „Директно“ на Телма. „Кај
Go toTop