Петковиќ: Специјалците на Курти не се киднапирани, уапсени се

June 14, 2023
1 min read

Петковиќ рече дека Србија е подготвена да ги понуди сите докази и повика да се отвори меѓународна истрага доколку е потребно

Специјалците на Курти беа длабоко на територијата на централна Србија, нашата полиција не ја помина административната линија ниту милиметар, изјави директорот на владината Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, на денешната вонредна прес-конференција.

Тој посочи дека антитерористичката единица на српската полиција лоцирала и уапсила тројца припадници на специјалната полиција на Курти кои биле вооружени.

„Оваа терористичка банда е уапсена денеска во 12:38 часот длабоко на територијата на централна Србија во атарот на селото Гњилица во општина Рашка“,

рече Петковиќ.

Тој истакна дека припадниците на српската полиција „не стапнале на територијата на Косово и не ја прекршиле ниту резолуцијата 1244 ниту Воено-техничкиот договор, бидејќи не ја преминале административната линија“.

„Тие што ги прекршија овие меѓународни договори се токму овие албански терористи, припадници на косовската полиција. Ние сме апсолутно подготвени да ги понудиме сите докази и да побараме да се отвори меѓународна истрага, доколку е потребно, дури и Американците и Британците да ги достават своите сателитски снимки за да може јасно да се види она што го кажуваме, а тоа е дека Српската полиција не премина ниту еден милиметар административни линии“,

рече Петковиќ.

Тој посочи дека не се работи за никакво киднапирање, како што тврди косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечла, туку српската полиција го спречила опасниот план на терористите кои со опасна намера заминале во централна Србија.

„Што бараат со оружје, мапи, ГПС, длабоко во централна Србија и во шума? Тоа ќе го утврди истрагата“,

рече Петковиќ. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заменици-министрите за надворешни работи на Туркије, Русија, Иран и Сирија наредната недела ќе се состанат во Астана

Следно

Косово целосно го забрани увозот од Србија

Latest from Blog

Трамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизел

Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и

Сè помалку рудари во Македонија: вработеноста во секторот паднала за 8%, производството за 10,1% Бројот на вработени

Бројот на вработени во рударскиот сектор во Македонија бележи значително намалување, паралелно со падот на производството. Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2026 година бројот на работници во секторот
Go toTop