Кошкање има во секоја фирма, се работи за личен конфликт – вели директорот Хамиди за упадот во М-НАВ

January 5, 2024
2 mins read

Хамиди го обвини синдикалниот лидер Александар Тасевски дека ја напаѓа и ја доведува во прашање репутацијата на Македонската навигација поради негови лични идеи и лажни клевети оти нешто во институцијата не чини. Обвини дека Тасевски, кој обвинува за партиски вработувања на некадарни лица во М-НАВ, самиот по себе е случај на непотизам оти во М-НАВ бил вработен во времето кога таму работел и неговиот татко, а во истата институција работи и брат му

Прашан дали ќе си поднесе оставка од функцијата претседател на Управниот одбор и извршен директор на М-НАВ, Хамиди рече дека е подготвен на тоа уште денеска, но дека, како што вели, не гледа зошто кога негово разрешување веќе најавила Владата

Кошкање има во секоја организација. Се работи за конфликт од лични причини помеѓу двајца вработени во М-НАВ. Вака претседателот на Управниот одбор и извршен директор на Македонската навигација, Фахрудин Хамиди, го опиша вчерашниот насилен упад во институцијата на лица кои успеаја да влезат во работните простории и покрај двојното обезбедување, едно од надворешна фирма, а едно од М-НАВ.

Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ

Хамиди не даде одговор на прашањето дали во моментот кога се случил нападот била загрозена безбедноста на оние кои биле во летала над македонското небо, а чии летови биле контролирани од вработените кои вчера беа нападнати во институцијата. Рече дека не сака да коментира во интерес на истрагата и работата ја препушти на надлежните институции.

„Ние раководиме согласно сертифицирани процедури и во делот на обезбедување согласно меѓународни препораки. Има две рампи, има и трета и четврта и петта рампа. Така што, во тој дел не можам да навлегувам понатаму. Се случи еден немил настан, дефинитивно, и тоа не смеело да се случи, но се работи за конфликт помеѓу двајца колеги кои се знаат 20 години, кои биле заедно на школување“,

рече претседателот на УО и извршен директор на М-НАВ.

Прашан за причините за нападот на вработените, за кој вчера првиот синдикалец на контролорите на летање Александар Тасевски рече дека се случил поради тоа што дел од контролорите кои се етнички Албански го поддржале Синдикатот во заложбите за професионализам, Хамиди рече:

„Има набој на енергија. Значи, да се разбереме, не се сите на една или на друга страна. Лукративните интереси на Тасевски си го направија своето“.

Хамиди го обвини синдикалниот претседател дека ја напаѓа и ја доведува во прашање репутацијата на Македонската навигација поради негови лични идеи и лажни клевети оти нешто во институцијата не чини. Обвини дека Тасевски, кој обвинува за партиски вработувања на некадарни лица во М-НАВ, е самиот по себе случај на непотизам оти во Навигацијата бил вработен во времето кога таму работел и неговиот татко.

„За жал тој кажува за некој непотизам, за некои партиски вработувања, кажува нешто само за да ја дефокусира јавноста. Тој е непотизам самиот по себе. Не е својствено за мене тоа да го кажувам, но веќе ги премина сите граници. Неговиот татко беше началник во контрола на летање, тогаш беше примен и тој, а истовремено и брат му работи како контролор на летање. Тројца од една фамилија. Такви кланови во М-НАВ постојат, пет-шест клана. Фахрудин Хамиди е тој што им смета на тие кланови?! Да се вработат нивните деца?!“,

рече Хамиди.

Хамиди оцени дека вработените во М-НАВ кои застанаа позади првиот синдикалец Тасевски и кои вчера во голем број се заканија дека ќе поднесат оставки од своите позиции, се замаени.

Прашан дали ќе си поднесе оставка од функцијата претседател на Управниот одбор и извршен директор на М-НАВ, Хамиди рече дека е подготвен на тоа уште денеска, но дека, како што вели, не гледа зошто кога негово разрешување веќе најавила Владата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Затвор за климатските отоци

Следно

Израелската Армија: Од 7 октомври ранети се 2.324 израелски офицери и војници

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop