Кос – Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан

April 18, 2025
1 min read

Европската интеграција на Западен Балкан и важноста од проширувањето на Унијата била во фокусот на средбата на бугарскиот премиер Росен Жељазков со еврокомесарката за проширување Марта Кос, која во Софија имаше средби со највисоките бугарски политички претставници.

Бугарија секогаш со особено внимание и висок степен на одговорност пристапувала кон напорите за целосна и полноправна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ и Софија го поддржува европскиот пат на секоја земја од Западен Балкан, според принципите на индивидуалниот пристап и постигнатиот напредок, изјави бугарскиот премиер по средбата со Кос.

„Европската иднина на Западен Балкан е гаранција за просперитет и мир, но и своевидна превенција од влијанието на силите кои имаат за цел неединство и нестабилност како во регионот, така и во Европа во целина. Дополнително, интеграцијата на земјите од регионот на Западен Балкан е стратешки избор поврзан со безбедноста, стабилноста и конкурентноста на целиот континент.“ – Росен Жељазков премиер на Бугарија.

Еврокомесарката Кос рече дека проширувањето е еден од најважните приоритети на актуелната Европска комисија.

„Приклучувањето на вашите соседи во Европската Унија ќе донесе многу придобивки за бизнисите во Бугарија. Тоа ќе ја поттикне трговијата, ќе ги подобри можностите за инвестирање и ќе го подобри пристапот до Централна Европа.“ – Марта Кос еврокомесарка за проширување. 

Никој не може да и даде гаранции на Северна Македонија дека ако сега го смени Уставот, нема повеќе да има пречки на европскиот пат, изјави претходно еврокомесарката Кос  за Европската новинска редакција. Таа вели дека најдобро би било билатералните прашања да не се мешаат во пристапниот процес и дека Европската комисија работи на тоа да и помогне на земјата да ги почне преговорите по кластери.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на неодамнешниот состанок на сестринските партии во Брисел, изјави дека е подготвен да ја жртвува сопствената политичка кариера, за да се внесат Бугарите во Уставот и Македонија да продолжи по европскиот пат, обвинувајќи ја сегашната влада за „самонаметнато вето“ и за „откажување од евроинтеграциите“.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ му одговорија дека Ковачевски, Маричиќ и Османи, две години тврдеа дека уставните измени ќе бидат последно барање на Бугарија, и дека Софија и Брисел јасно кажаа дека уставните измени нема да бидат последно барање.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ангов за ТВ 24: Продолжениот празничен викенд донесе туристи во Дојран

Следно

Петровска: Истрагата за Кочани е контаминирана од политички изјави и селективни дејствија

Latest from Blog

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop