Константинос Тасулас и официјално претседател на Грција

March 13, 2025
1 min read

Со свечена заклетва во грчкиот Парламент, во присуство на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, поглаварот на ГПЦ Јеронимос, пратениците, но и претставници на дипломатскиот кор, новиот грчки претседател Константинос Тасулас претпладнево положи свечена заклетва, по што и официјално, во Претседателската палата ја преземе функцијата и стана деветтиот претседател на Грција по обновувањето на демократијата во земјата во 1974 година.

Во Парламентот, Тасулас пред светото Евангелие ја повтори заклетвата, што ја читаше поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос, додека пак од церемонијата отсутни беа пратеничките групи на Курс на слобода и Грчко решение.

Во продолжение положи цвеќе на споменикот на Незнајниот војник пред објактот на Парламентот и се упати кон Претседателската палата каде што го пречека неговата претходничка Катерина Сакеларопулу.

Новиот грчки претседател, 66-годишниот Тасулас, роден е во градот Јанина, студирал во Атина, работел и во адвокатска канцеларија во Лондон, во периодот 1981-1990 година беше секретар на поранешниот претседател на Нова демократија Евангелос Авероф-Тосица, како и советник во неколку министерства, во Владата на Костас Караманлис беше заменик-министер за одбрана, а во Владата на Самарас министер за култура, но и градоначалник на населбата Кифисја во северниот дел на Атина.

Од 2000 година е пратеник од Нова демократија, а од јули 2019 година до јануари годинава беше претседател на Парламентот, позиција на која три пати со широко мнозинство беше изгласан од пратениците.

Во однос на ставовите кон нашата земја, генерално, позициите на новиот шеф на државата не се разликуваат од оние на актуелната грчка Влада.

Претседателот на Грција го избира Парламентот и има петгодишен мандат. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството позади трговскиот центар „Мавровка“

Следно

Со 350.000 долари општините ќе реализираат технички документации за нови проекти

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop