Консеисао нема проблеми по инцидентот: Не сме во црква, ова е фудбал!

January 26, 2025
1 min read

Милан дојде до тешка победа од 3:2 над Парма во натпревар од италијанското првенство, но драмата на стадионот „Сан Сиро“ не заврши со последниот судиски свиреж откако тренерот на победниците, Серхио Консеиао влезе во жестока расправија со Давиде Калабрија.

Веднаш по крајот на мечот, Консеисао и десниот бек, кој беше заменет малку порано, си размениле реплики, па дури почнале и тепачка, при што тренерот беше поактивен и му зборуваше со гласен тон. Калабрија не му остана должен, но не дојде до сериозни инциденти, бидејќи двајцата беа раздвоени од други играчи.

Калабрија беше капитен на „росонерите“ до доаѓањето на португалскиот стручњак, кој веднаш му ја даде лентата на голманот Мајк Менгјан. Договорот на 28-годишниот фудбалер со клубот истекува на крајот од сезоната и се верува дека нема да биде обновен, што јасно допринесува за зголемување на тензијата меѓу двајцата.

„Пармалатите“, кои се борат за опстанок во Серија „А“, имаа водство од 2-1 до 90. минута на „Сан Сиро“, но Тијани Рајндерс во 2. и Самуел Муквузе во 5. минута од дополнителното време го донесоа успехот на Милан .

-Ги живеам натпреварите и можете да видите како ги доживувам и како ги чувствувам. Имам многу страст и желба за победа, изјави Консеисао и додаде: „По крајот, имаше малку дополнителен адреналин зборувајќи за ситуација на игра со Давиде и можеби беа кажани премногу зборови.

За менаџерот, тимот е како семејство, каде што тој се справува со вакви ситуации на ист начин.

-Играчите знаат дека сите ми се важни, како семејство. Ако сум во ресторан и мојот син прави нешто што не ми се допаѓа, ќе му кажам, нема лицемерие. Не беше убаво да се види тоа од публиката, но во фудбалот тоа е добро. Ние не сме во црква, истакна Португалецот.

Но, покрај губењето на лентата, Давиде Калабрија денеска го одигра само четвртиот натпревар како стартер. Тој ја загуби конкуренцијата од Бразилецот Емерсон Ројал кој пристигна од Тотенхем, а сега работите уште повеќе се комплицираат по доаѓањето на Кајл Вокер од Манчестер Сити.

-Дефинитивно не е позитивна година како другите. Постојат ситуации кои не се едноставни, дури и лични моменти за кои никој не знае. Не сакам ни да зборувам многу за тоа. Сакам да ја завршам оваа сезона на најдобар можен начин за доброто на тимот, за што најмногу се грижам. Понекогаш дури и повеќе од мене, изјави Калабрија за ДАЗН по натпреварот. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Намалена видливост поради магла во неколку делови од Македонија, возете внимателно

Следно

Фетаху од Голо Брдо: Сме биле и ќе бидеме горди Македонци

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop