Коњановски најави целосни промени во Пелистер

May 31, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, соопшти дека ја прифаќа оставката на управувачката структура на ФК Пелистер, техничкиот директор и стручниот штаб, по поразот на клубот во Кавадарци и испаѓањето во Втората лига.

Во обраќање до граѓаните, навивачите и љубителите на фудбалот, Коњановски оцени дека денешниот ден е тежок за спортот во Битола и дека неуспехот на Пелистер претставува големо разочарување за сите битолчани.

Тој најави дека веднаш ќе побара да се изврши ревизија на досегашното работење на клубот, со цел да се добие јасна слика за состојбите и да се создадат услови за нов почеток.

„Ќе се продолжи напред со јасна слика, нови планови и нови кадри кои ќе го водат клубот кон победи и резултати на кои сите ќе бидеме горди“, истакна Коњановски.

Градоначалникот нагласи дека ФК Пелистер бил и мора да остане гордост на Битола, додавајќи дека за тоа е потребна поголема ангажираност од сите – од локалната самоуправа и клупските раководни структури, до играчите на теренот.

Според него, поразот треба да послужи како поука за да се утврдат грешките и да се преземат мерки за подобрување, во интерес на клубот и на градот Битола.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Централното собрание на ВЛЕН расправаше за владините реформи и партиските приоритети

Следно

Коњановски пресече по неуспехот на ФК Пелистер: Следува ревизија и нов почеток за клубот

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop