Компанијата „Мета“ укинува уште 10 000 работни места

March 14, 2023
1 min read

Мислам дека треба да се подготвиме за можноста оваа нова економска реалност да продолжи уште многу години. Најновите кратења на работни места доаѓаат кога компаниите, вклучувајќи ги „Гугл“ и „Амазон“, се борат со тоа како да ги балансираат мерките за намалување на трошоците со потребата да останат конкурентни, вели извршниот директор на Мета

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

„Мета“, компанијата која ги поседува Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, објави дека планира да отпушти 10 000 работници. Тоа ќе биде втор бран масовни отпуштања од технолошкиот гигант, кој отпушти 11 000 вработени во ноември минатата година. Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, рече дека намалувањата ќе бидат „сериозни“.

Закерберг им потврди на вработените дека, заедно со кратењето на 10 000 работни места, 5 000 слободни работни места во компанијата ќе останат непополнети. Во писмото, тој им рекол на вработените дека верува оти компанијата доживеала „повик за будење“ во 2022 година кога доживеала драматично забавување на приходите, пишува Би-Би-Си.

„Мета“ претходно објави дека заработката паднала за четири отсто на годишно ниво во трите месеци до декември 2022 година, иако сепак успеала да оствари профит од повеќе од 23 милијарди долари во текот на минатата година. Закерберг ги наведе повисоките каматни стапки во САД, глобалната геополитичка нестабилност и зголемената регулатива како некои од факторите кои влијаат на забавувањето на компанијата.

„Мислам дека треба да се подготвиме за можноста оваа нова економска реалност да продолжи уште многу години. Најновите кратења на работни места доаѓаат кога компаниите, вклучувајќи ги ‘Гугл’ и ‘Амазон’, се борат со тоа како да ги балансираат мерките за намалување на трошоците со потребата да останат конкурентни“,

додаде тој.

„Амазон“ објави претходно оваа година дека планира да укине повеќе од 18 000 работни места поради „неизвесната економија“ и брзото вработување за време на пандемијата, додека матичната компанија на Гугл „Алфабет“ отпушти 12 000 работници. Според layoffs.fyi, кој ги следи загубите на работни места во технолошкиот сектор, повеќе од 128 000 работни места се укинати во технолошката индустрија досега во 2023 година.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Истражување: За четири години зголемено задоволството од животот во Словенија

Следно

Кавадарчани исплашени: Човек облечен во бела мантија игра и фрла камења (ВИДЕО)

Latest from Blog

По 14 денови прекината блокадата на РТС

По 14 денови блокада на јавниот српски информативен сервис, попладнево студентите во блокада од белградскиот Факултет за драмски уметности на социјалните мрежи објавија дека ја прекинале блокадата поради исполнување на барањето за

Американската морнарица загуби борбен авион Ф-18 од носачот „Хари С. Труман“ во Црвеното Море

ХАМИЛТОН (АА) – Американски борбен авион Ф-18 и возило за влечење од носачот на авиони „Хари С. Труман“ паднаа во водите оперирајќи во Црвеното Море, соопшти денес американската морнарица, пренесува Анадолу. „УСС

Кривични против поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против поранешните вработени во МВР – В.В. и В.Н. за кривично дело

Јаќимовиќ во Аргумент плус: Додик не избега во Русија, таму е на покана на Путин

Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Македонија, Драган Јаќимовиќ во Аргумент плус рече дека Милорад Додик не избегал во Русија туку таму е на покана на рускиот пчретседател Владимир Путин. Според него,

Кирил Лазаров објави список со 35 ракометари (ФОТО)

Македонскиот ракометен селектор Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за последните две квалификациски кола од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година. На списокот на Лазаров има 35
Go toTop