Која земја најмногу инвестирала во одбраната во изминатите 10 години? Македонија е меѓу водечките

February 24, 2025
1 min read

Стравот од војна со Русите и од политиката и заканите на Доналд Трамп, но и во крајна линија од обврската за членките на НАТО да издвојат најмалку два отсто од БДП за одбраната, цел поставена во 2014 година – сето ова принуди многу европски земји да издвојуваат повеќе за модернизација на армијата.

Во последно време, а особено минатата година, има значително зголемување на воените трошоци. Членките ги зголемија буџетите за одбрана, така што до јуни 2023 година, 23 од 31 земја на НАТО ја достигнаа целта за БДП од два проценти, додека една година претходно, само 10 од тогашните 30 земји во алијансата го надминаа тој праг.

Македонија со 2,2% од БДП инвестиции во одбраната е пред земјите од регионот Албанија (2.0), Турција (2.1), Црна Гора (2.0), Хрватска (1.8), Словенија (1.3), Италија (1.5) и други.

Македонија во 2024 година, во споредба со 2014 година, одвоила неверојатни 148% повеќе за одбраната, што денес ја става на позиција пред големи земји како Германија, Финска, Турција, Романија и Шведска. Треба да се има во предвид дека во овој период во меѓувреме, Македонија стана членка на НАТО, со што има и обврска да вложува во одбраната.

Новите членки Шведска и Финска, кои се приклучија на НАТО во 2023 и 2024 година, исто така ги зголемија своите воени трошоци над два отсто од БДП.

Податоците покажуваат дека САД остануваат најголемиот поединечен одбранбен инвеститор во НАТО, трошејќи повеќе од сите други заедно, со воен буџет еквивалентен на 3,4 отсто од БДП. Во исто време, распределбите на другите членки на НАТО се зголемуваат и сега надминуваат два отсто од БДП во просек.

Податоците на НАТО, обработени и собрани од платформата Statista, покажуваат дека вложувањата значително се зголемиле во сите земји помеѓу 2014 и 2024 година. Најголем раст, од дури 325 отсто, забележа Литванија, потоа Летонија со 315 отсто, Унгарија со 225 отсто, Полска со 214 отсто, а првата петорка ја затвора Луксембург со 190 отсто.

Но, се чини дека тоа нема да биде доволно, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп јасно им порача на сојузниците да трошат повеќе за одбраната. Тој смета дека треба да издвојат пет отсто, а по првичниот шок во Европа, претставниците на НАТО го намалија притисокот и најавија дека барањата за зголемување на алокациите нема веднаш да бидат пет отсто, туку, како што неодамна истакна генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, веројатно околу три отсто.

Извор: Т-Портал.хр

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Де Ниро во новата серија на Нетфликс „Zero Day“ за заканите од дезинформациите

Следно

Затворен уште еден институт со одлука на МОН, министерката Јаневска вели ќе има уште неколку

Latest from Blog

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три
Go toTop