Кочо Анѓушев ставен на „црната листа“ на САД

1 min read

Стејт департментот, исто така, означувајќи ги како генерално неподобни, им забранува влез во САД и на сопругата на Анѓушев, Елизабета, и неговите деца, Ангел и Огнен

Бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев се најде на американската „црна листа“. Одлуката е објавена на веб-страницата на американскиот Стејт департмент.

„Соединетите Држави го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси и ја поткопа довербата на јавноста во Северна Македонија во владините институции и јавни процеси“,

се наведува во одлуката.

Денешната акција, нагласуваат од Стејт департментот, покажува дека САД во Северна Македонија стојат со оние кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери.

„Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ“,

се додава во одлуката.

Стејт департментот, исто така, означувајќи ги како генерално неподобни, им забранува влез во САД и на сопругата на Анѓушев, Елизабета, и неговите деца, Ангел и Огнен.

Пред неполн месец, на американската „црна листа“ завршија и Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина, како и Ратка Куновска-Камчева, мајката на Јордан Орце Камчев. Тие им се придружија на веќе споменатиот Јордан Орце Камчев, Рамиз Мерко, Никола Груевски и Сашо Мијалков.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Почина затвореник од затворот Шутка

Следно

Анѓушев: Ги негирам сите сомневања изразени од Стејт департментот, ќе ја обжалам одлуката

Latest from Blog