Кочани стана дива депонија, неконтролираното горење на ѓубриштето закана од еколошка катастрофа

1 min read

Кочани се гуши во токсичен чад. Депонијата гори, се согоруваат различни видови отпад, меѓу кои и пластика, а неконтролираното горење на ѓубриштето за жителите на Кочани и околината претставува закана од еколошка катастрофа.

Екипата на ТВ 24 на терен. Денот сончев, но лошата миризба се чувствува дури во градот. Сретнавме родител, кој вели дека е загрижен за здравјето на своето дете.

Се упативме кон Градската депонија, која подолг период предизвикува загадување на воздухот. Глетката воопшто не е пријатна, загадениот воздух се чувствува оддалеку, а граѓаните се сериозно загрижени за безбедноста на своето здравје. 

Ана Симонова од здружението “Грин” вели дека Кочани и понатаму го прима ѓубрето од другите пет општини и истото гори како и досега. Забележува дека со текот на годините има пораст на заболени од канцер, автоимуни болести, а се зголемува и бројката на респираторни заболувања. Таа укажува на тоа дека неказнивоста е еден од главните причинители за ситуацијата да е таква каква што е во моментов.

Кочанското село Бели е прво на удар од аерозагадувањето кое го предизвикува запалената депонија која е во непосредна близина. Овде жителите се принудени постојано да го вдишуваат токсичниот чад.

Во меѓувреме, одобрен е тендер за изградба на регионална депонија во Светиниколско Мечкуевци, со што се очекува општините од истокот за две години да имаат нова и современа регионална депонија. Но, што дотогаш и што се прави за да се реши силната миризба на чад и метан која ги иритира кочанчани, го прашавме и градоначалникот.

Од утрово пак градежна механизација на конзорциумот „Бехтел и Енка“ почна со расчистување и санација на комуналната депонија. Се работи на порамнување, довршување на пристапниот пат и обезбедување простор за новите количини на отпад. 

Сепак, бидејќи според засегнатите граѓани последните неколку денови состојбата е катастрофална, од утре веќе се најавуваат блокади кои ќе траат 24 часа, сè до конкретно решавање на проблемот и целосно санирање на густиот чад.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Истанбулското езеро Теркос наесен, вистинска „гозба“ за очите

Следно

Мицкоски вели оставката на Комисијата е доблесно, за СДСМ не е доволно, бараат одговорност и од Сиљановска

Latest from Blog