Мицкоски вели оставката на Комисијата е доблесно, за СДСМ не е доволно, бараат одговорност и од Сиљановска

October 27, 2024
1 min read

По острите реакции во јавноста за одлуката за помилување, Комисијата поднесе колективна оставка за што информираше Гордан Калајџиев еден од членовите. Тој во својот кус статус не неговиот фејсбук профил напиша дека се воделе од професионални принципи.

Покрај Калајџиев во Комисијата членуваа и професорите Методија Каневчев, Арлинда Кадри Шахиновиќ, доктор Зоран Митиќ, Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири. Претседателката Гордана Силјановска Давкова ја прифатила оставката и најави консултации за нов состав, но и за слабостите во системот на помилување. Премиерот Мицкоски целата одговорност ја гледа во Комисијата и вели дека членовите ја констатирале грешката и постапиле доблесно со тоа што поднесоа оставка.

-Жив човек кој што работи, знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката ако се преземе одговорност, тогаш тоа е и доблесно и јас така можам да ја коментирам одлуката на членовите на Комисијата која што се занимава со теми од областа на помилувањето. Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто што тие го имаат како морален чин тоа е да се повлечат и тоа и го направија, така што очекувам тука да се затвори таа тема во јавноста, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Но за СДСМ темата не е затворена, тие бараат одговорност од претседателката Силјановска. Велат дека Комисијата за помилување со својата оставка е жртвено јагне во овој скандал.

-Очигледно власта мисли дека Комисијата треба да биде жртвено јагне за да се спаси Силјановска и нарачателите на ова скандалозно помилување. Претседателката Силјановска ги дава и одлучува за помилувањата, не Комисијата и целосната одговорност е кај неа. Скандалозното помилување мора да има одговорност и за Силјановска и за нарачателите. Силјановска помилуваше и нарко-бос и осудени криминалци вмешани во шпионски афери, изјави Методија Илиевски од СДСМ.

Одлуката за помилување на осуденици, претседателот на државата ја носи по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кочани стана дива депонија, неконтролираното горење на ѓубриштето закана од еколошка катастрофа

Следно

Манчестер јунајтед поразен од Вест Хем, има само една победа на последните осум натпревари

Latest from Blog

Божиновска на Бизнис форумот во Истанбул: Македонија е подготвена за сериозни инвеститори

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествува на Бизнис форумот во Истанбул, кој претставува значајна платформа за поврзување на институциите и деловната заедница од Македонија и Турција. Како

Зошто повеќето играчи на Светското првенство носат розеви копачки?

Фото: ФИФА Х Гледачите по првите натпревари од Светското првенство во 2026 година, покрај головите и движењата на теренот, забележаа и еден необичен детал – речиси сите фудбалери носат розеви фудбалски копачки.

Трамп уште еднаш најави договор со Иран за ставање крај на војната

Трамп уште еднаш најави рамковен договор со Иран за ставање крај на војната. „тукушто постигнавме одличен договор за војната со Иран“изјави американскиот преседател  додавајќи дека документите  требало да бидат готови и можеби

Прилеп гради нови меѓународни партнерства: Проданоски со средби во Швајцарија и Холандија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека во изминатиот период бил дел од две значајни меѓународни посети во Швајцарија и Холандија, кои, како што истакна, овозможиле размена на искуства, стекнување нови

Стартни три за „Ел Три“, три црвени картони, и прв гол за Хименез на мундијалите (ВИДЕО)

фото: EuroFoot (X) Во реприза на мечот од СП 2010 година, селекцијата на Мексико славеше со 2:0 против Јужна Африка на отворањето на Мундијалот 2026. Вечерва на „Естадио Ацтека“, Мексиканците во многу
Go toTop