Книги на „Македоника литера“ на Саемот на книгата во Пекинг

June 15, 2023
1 min read

На Меѓународниот саем на книгата во Пекинг, Кина, кој започна денеска, а ќе трае до недела (18 јуни), на штандот на издавачот „Делфин книги“ се изложени и изданија на „Македоника литера“ на македонски јазик.

„Македоника литера“, во соработка со својот партнер „Делфин книги“ од Пекинг, специјализиран издавач за литература за деца, кој работи во рамките на корпорацијата ЦИЦГ (China International Publishing and Comunication Group – CICG) досега публикуваше 18 книги од серија „Најдобрата кинеска литература за деца“, серија од пет книги со најдобрата проза на најчитаниот жив писател за деца во светот Шен Шиси, серија од пет книги „Кинески народни приказни“, а со две книги неодамна ја започна и серијата „Најдобрата фантастична кинеска литература за деца“.

Книги на македонски јазик во издание на „Македоника литера“ се изложени и на штандот на најголемиот кинески издавач за образовна и јазична литература ФЛТРП (Foreign Language Teaching And Research Press – FLTRP), кој работи во рамките на Универзитетот за странски јазици во Пекинг. На штандот на овој издавач се изложени дел од сериите за клучните концепти во кинеската мисла што последниве години ги публикуваше „Македоника литера“.

Книги на „Македоника литера“ на штандовите на своите кинески партнери на овој саем се изложуваат од 2018 година до денес.

Инаку, Меѓународниот саем на книгата во Пекинг (https://www.bibf.net/en/) е вториот по големина саем на книгата во светот – според бројот на излагачите, а прв според бројот на посетителите. Овој саем има и интернет верзија, која трае во текот на целата година, а на овој е-саем свој е-штанд има и „Македоника литера“.

„Македоника литера“ досега има публикувано повеќе од 60 кинески книги, првенствено од областа на литературата за деца и кинеската филозофија и култура. Член е на Асоцијацијата на издавачи 17 +1 уште од основањето (2018).

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Инцидент на Преспа Форумот – видео бим падна врз модераторката

Следно

Кафеавата мечка по подолг период за првпат е документирана во природен парк во Албанија

Latest from Blog

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од
Go toTop