Книгата „Документарниот филм и идентитетот“ на м-р Сунчица Симоновска Веселиновска е врв на филмолошката дејност

December 6, 2023
1 min read

Во Кинотеката на Република Македонија беше промовирана книгата „Документарниот филм и идентитетот“ на м-р Сунчица Симоновска Веселиновска, виш филмолог во Кинотеката, а пред присутните говора проф. д-р Драгица Поповска од Институтот за национална историја и вон. проф. д-р Атанас Чупоски, советник филмолог во Кинотеката.

Сунчица во Кинотека дојде од една друга хуманистичка област која не беше тесно поврзана со филмската уметноста, но за кусо време благодарение на нејзината упорност, трудољубивост, истрајност, посветеност на работата стана еден од најдобрите и најпродуктивните филмолози во Кинотека. За само десет години откако дојде го одбрани овој магистерски труд, а сега го имаме во облик на книга која е врв на филмолошката дејност, рече проф.д-р Атанас Чупоски во своето обраќање.

Рецензенти на ова печатеното издание на истоимениот магистерски труд на Веселиновска се проф. д-р Антоанела Петковска и проф. д-р Тодор Чепреганов.

Снимањето на документарни филмови кои најчесто се насочени кон обработка на историски факти од минатото, потврдени со актуелните научни истражувања, директно влијаат врз колективната мемеорија – како клучен фактор во обликувањето на националните белези на македонскиот народ. Филмот воопшто, а посебно документарниот филм, има моќ постојано да нè враќа во минатото, поради што се наметнува потребата за зачувување на сите елементи кои заземаат значајно место во идентитетот на еден народ – каде филмот се појавува во улога на еден од чуварите и паметниците на идентитетот на тој народ, вели проф. д-р Тодор Чепреганов.

Кинотеката иако не е образовна институција, во отсуство на Институт за филм таа ги пополнува празнините. Тоа го потврдува и ова издание, кое ќе им користи не само на филмолозите туку и на пошироката јавност.

Кога дојдов во Кинотека филмот за мене беше нешто непознато и ми требаше многу време и труд за да навлезам во овие филмски води. Бев чест посетител на нашата специјализирана библиотека и низ тој библиотечен фонд наидов на неколку изданија кои ја третираа проблематиката на документарниот филм, но многу малку со по некој текст. Тоа ме испровоцира да почнам да истражувам и да пишувам, рече авторката која ги повика помладите колеги да продолжат да работат на оваа проблематика.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Следно

Израел ќе го користи морето против тунелите на Хамас

Latest from Blog

ФЕРО ИНВЕСТ и WHES на Intersolar Europe 2026: Успешниот батериски проект бара врвна технологија и искусен инженерски партнер

Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен – најголемиот европски саем за соларна енергија, батериски системи и паметни

Меси со прекрасен потег, Возиња во „транс“: Ќе го паметам ова додека сум жив (ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/AFASeleccionEN/ Голманот на З.Острови, Возиња, се здоби со слава за време на Светското првенство. Тој од анонимност дојде до статус на еден од најследените фудбалери во светот, а најголемиот на сите времиња,

Берзанска недела во бројки: 183,5 милиони денари промет, УНИ Банка најголем добитник

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 29.06.2026 до 03.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 183.513.999 денари. Од ова,

Меси и другарите се спасија од голем срам!(ВИДЕО)

ФОТО.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лео Меси продолжува да испишува историја, а Аргентина продолжува да ја брани титулата откако вечерва во Мајами успеа да слави со. 3:2 против Зеленортските Осторви, а во 1/8 финалето “Гаучосите“ ги

Дали на повидок е најголемата сензација во историјата?! Аргентина и З.Острови ќе играат продолженија!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Аргентина – З.Острови 1:1 по регуларниот дел од мечот од 1/16 финалето кој се игра во Мајами. Па така овој натпревар оди во продолженија 2Х15 минути. Дали на повидок е најголемата
Go toTop