Кисела Вода гради паркинг за стотина возила во населбата „11 Октомври Згради“

February 2, 2023
1 min read

Општина Кисела Вода започна со изградба на нови паркинзи на три локации во урбаната заедница „11 Октомври Згради“.

Од општината информираат дека паркинзите се лоцирани на улиците „Ѓорѓи Сугаре” и „Михаил Чаков”, во непосредна близина на трим патеката.

– Свесни сме дека организацијата на сообраќајот во мирување е од исклучително значење за квалитетот на одвивањето на целокупниот сообраќај, па затоа интензивно работиме на обезбедување на локации за изградба на соодветен паркинг простор во општина Кисела Вода. Минатата година ја затворивме со седум нови локации за паркирање на околу 500 возила и оваа година, согласно ветувањата, ќе изградиме најмалку уште толку паркинзи. Денес започнувме со изградба на паркинзи на три нови локации во урбаната заедница „11 Октомври Згради“, кои треба да бидат готови околу две седмици. Со ова, се отвораат нови 100 паркинг места, што значи намалување на сообраќајниот метеж во овој густо населен дел на општината. Изнаоѓањето на вакви и слични сообраќајни решенија ќе продолжи со несмален интензитет и во периодот што претстои, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хаос во српскиот парламент, Вучиќ нападнат, извици „Не го даваме Косово“ и „предавници“ (ВИДЕО)

Следно

Јувентус под закана за одземање на уште 20 бода!

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop