Кинескиот претседател Си ќе ја посети Русија следната недела

March 17, 2023
1 min read

МОСКВА/ПЕКИНГ (АА) – Кинескиот претседател Си Ѓинпинг следната недела ќе престојува во државна посета на Русија, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, пренесува Анадолу.

„На покана на претседателот Владимир Путин на Руската Федерација, претседателот Си Ѓинпинг ќе престојува во државна посета на Русија од 20 до 22 март“, напиша Хуа Чунјинг на Твитер.

Таа, исто така, изјави и дека ова ќе биде патување за пријателство и мир.

„Врз основа на несојуз, без конфронтација и без таргетирање на која било трета страна, Кина и Русија промовираат поголема демократија во меѓународните односи“, додаде таа.

Од друга страна, во соопштението на Кремљ се вели: „За време на разговорите ќе се зборува за актуелни прашања за понатамошен развој на сеопфатните партнерски односи и стратегиската соработка меѓу Русија и Кина.“

„Двајцата лидери ќе дискутираат и за проширување на руско-кинеската соработка на меѓународната сцена. Голем број важни билатерални документи се подготвуваат за потпишување на маргините на средбата“, соопштија од Кремљ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Над 9.800 повредени во земјотресите сè уште се на болничко лекување

Следно

МВР со детали за големата акција во Скопје во која се апсеше за дрога

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop