КФОР тврди дека не бил во областа каде беа уапсени косовските полицајци и бара Приштина и Белград да ги смират тензиите

June 16, 2023
1 min read

Двете страни веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија, побара Мисијата на НАТО

Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) соопшти дека „не била во областа кога српската полиција уапсила тројца косовски полицајци“ и ги повика Косово и Србија веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија.

„КФОР испрати тим во областа и воспостави контакти со претставници на косовските институции и српските власти. Ги повикуваме двете страни веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија што можат да доведат до натамошна ескалација“,

пишува во соопштението од КФОР.

Од Мисијата додаваат дека ја следат ситуацијата и продолжуваат целосно да го спроведуваат мандатот на ОН, врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, од 1999 година, во обезбедувањето мирна средина, слободно движење на сите заедници во Косово, како и продолжување со обезбедување неопходна безбедносна рамка за подобрување на дијалогот под покровителство на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Настанот со тројца косовски полицајци се случи пред дена. Приштина тврди дека тоа било киднапирање извршено од страна на српските власти на територијата на Косово. Белград, пак, тврди дека настанот не се случил во Косово, туку дека полицајците навлегле на територија на Србија и поради тоа не станува збор за киднапирање, туку за апсење.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Арсенал ги договори условите со Каи Хаверц

Следно

Мимоза Ристова: Во романот „Варшавската срна“ ги реанимирам трите љубови на Марија Склодовска Кири

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop