Ќерката на Џон Траволта (25) се појави топлес на насловна страница

November 26, 2025
1 min read

Актерката и пејачка Ела Бле (25), ќерка на Џон Траволта и
Кели Престон, воодушеви со предизвикувачко издание на насловната страница на
списанието HardCopy.

Ела позираше на насловната страница во долг капут од
брендот Monot и фармерки од брендот Saint Laurent, а она што привлече најголемо
внимание беше тоа што не носеше маица ниту градник. Аутфитот го комплетираше со
бордо чизми, а косата ѝ беше собрана наназад. Позираше клекната на подот во
елегантна, но и провокативна комбинација.

Ела позираше во уште неколку изданија кои претставуваа
модерен пристап кон деловната лежерна облека. Музичарката блескаше и во кафеава
комбинација од Gucci, проѕирна црна кошула и панталони, под кои носеше розова
долна облека, а носеше и крзнено палто и високи чизми.

Актерката ја сподели насловната страница и фотографиите
што се најдоа во списанието на своите социјални мрежи. „Толку сум среќна и
почестена што сум дел од ова прекрасно издание“, напиша таа.

Ела Блу неодамна ги следеше стапките на своите родители.
Нејзиниот татко Џон е познат актер со повеќе од 50 години кариера зад себе, а
нејзината мајка Кели, која почина во 2020 година, исто така беше многу успешна
актерка. Ела сега се обидува да се пробие во Холивуд, а покрај глумата, се
занимава и со пеење и манекенство.

Таа веќе неколку пати ги краси насловните страници на
разни списанија, вклучувајќи го и списанието „Hunger“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОСТАНЕТЕ ЗДРАВИ ВО ТЕКОТ НА ЗИМАТА Неколку чекори за зајакнување на вашето тело и збогување со настинките

Следно

Пелагонија започнува нов циклус на регионална соработка

Latest from Blog

Во сабота ќе има забрането паркирање на повеќе улици поради посетата на претседателот на Албанија

Општина Тетово информира дека во сабота, 28 февруари по повод повод официјалната посета на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај на градот ќе има привремени безбедносни мерки и забрана за паркирање на

Аморим оди во Бразил, преговара со Васко де Гама

фото: Manchester United (X) Само седум недели по изненадувачкиот отказ од Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим би можел да се врати на работа. Португалскиот репрезентативец, кој го заврши 14-месечниот престој на „Олд Трафорд“,

Ексклузивно: Со иницијатива на МАЕИ, Советот на Општина Пустец донесе одлука против изградбата на кампови за мигранти во Преспа

Со иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, Советот на Општина Пустец донесе одлука со која се изјаснува против изградбата на кампови за мигранти во регионот на Преспа. Одлуката беше усвоена денеска

Осудувам секаков говор на омраза, вклучително и по етничка основа, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека осудува секаков вид говор на омраза, вклучително и оној на етничка основа. Смета дека никој не треба да користи таков говор и оти од државните институции ќе
Go toTop