Кејн оптимист за шансите да ја освои „Златната топка“

March 21, 2025
1 min read

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн гледа реална шанса да ја освои „Златната топка“ за најдобар играч во светот, но, притоа, е свесен дека трофејот со Баерн Минхен оваа сезона ќе биде клучен за остварување на тој сон, пренесува агенцијата БТА.

Кејн (31), кој е најдобриот стрелец на Англија на сите времиња, сезонава постигна 32 голови и додаде 11 асистенции на 37 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Баерн, помагајќи му на германскиот гигант да биде лидер во Бундеслигата и да обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони.

Ниту еден англиски фудбалер не ја освоил „Златната топка“ по поранешниот напаѓач на Ливерпул Мајкл Овен во 2001 година. Сепак, Кејн верува дека неговите шанси да ја освои најголемата индивидуална награда во фудбалот се поголеми откако се пресели од Тотенхем во Баерн во август 2023 година.

-Самото тоа што сум во клуб како Баерн Минхен ми помогна да се развијам повеќе во однос на самодовербата и одговорноста. Се чувствувам како дефинитивно да станав подобар, напредував и можеби како фудбалер сум малку повеќе почитуван отколку во минатото. Веројатно тоа е она што го мислам во однос на поголема почит на глобално ниво, на поголема сцена. За такво нешто треба да освоите доволно трофеи за да бидете забележани и веројатно да постигнете 40 голови, изјави Кејн.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел ги ограничува Палестинците во пристапот до џамијата Ал-Акса трет последователен петок месецов

Следно

Фидан: Туркије ги поддржува мировните преговори меѓу Русија и Украина предводени од САД

Latest from Blog

ИЗРАЕЛСКИ ВОЗДУШНИ УДАРИ ГО ПОТРЕСОА ЈУЖЕН ЛИБАН – 4 загинати, 20 повредени

Нови израелски воздушни напади го погодија јужен Либан, при што најмалку четири лица загинаа, а 20 се повредени, објави либанската државна новинска агенција ННА. Во нападите во подрачјето на Набатије била погодена

Три дена вкусови, традиција и музика: Позната целосната програма за „Taste the South“

Од 11 до 13 септември, Гевгелија ќе биде исполнета со традиционални вкусови, македонски вина, музика и забава во рамките на четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. Препознатливиот фестивалски бренд на

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј
Go toTop