Ќе биде ли поевтино за граѓаните, ако маркетите ги објават цените на своите веб страни?

February 24, 2025
1 min read

Со новиот закон, сите трговци, без разлика на големината, ќе имаат законска обврска да ги објавуваат цените на своите производи на интернет. Ова ќе се врши секојдневно, со ажурирање на тековните продажни цени, што ќе овозможи поголема транспарентност и полесно споредување на цените од страна на потрошувачите. Сепак граѓаните со кои разговараше редакцијата на Рацин.мк се сомневаат дека ова ќе им ја зголеми куповната моќ.

– Не верувам дека на тој начин би се намалиле цените, бидејќи и сега постојано се расправаме околу цените со продавачите и во големите маркети кои се различни на рафтот, а различни во компјутерот за наплата. Што ќе смени ако се на сајт и дали треба јас да губам време прво на сајтовите, а потоа да споредувам во маркет, вели жителка на Ѓорче Петров.

Според пензионерот Здравко Т. потребно е да има голем број на инспекции, да ги контролираат цените, тоа ќе воведе некој ред.

-Инспекторатот спие, се имам јавувано да пријавам десоледности во цените, тие ми велат пратете меил. Во ред пратив меил и наместо да излезат ан терен ми вратија дека приговорот ќе биде прифатен ако им испратам фискална сметка од купените продукти, а јас всушност се жалев дека има недоследни цени и дека не ги купив продуктите. Сето тоа премина во една досадна преписка и се откажав од нови пријавувања. Навистина не знам што работат тие инспектори, вели тој.

Законот за заштита на потрошувачите, кој е во собраниска процедура, е предложен од парламентарното мнозинство. Пратеникот Бојан Стојановски истакна дека мерките се насочени кон заштита на стандардот на граѓаните. Од една страна, ќе се обезбеди јавност за цените преку веб-страниците на маркетите, а од друга, се предвидува активен надзор од инспекциските служби кои ќе санкционираат неспроведување на обврските.

Стојановски изјави дека ова решение носи три клучни придобивки:

-Транспарентност – полесен пристап до информации за цените.
-Фер конкуренција – сите трговци ќе бидат под истите услови.
-Заштита на потрошувачите – елиминација на скриените трошоци и нејасните цени.

Законот е инспириран од успешни модели во Израел, Италија, Франција и Хрватска, каде оваа практика довела до намалување на цените. Стојановски најави дека со објавувањето на цените на интернет ќе се поттикне развојот на дигитални алатки, кои ќе им овозможат на граѓаните директно да ги споредуваат цените и да донесуваат информирани одлуки за купување.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перински и Ганиу ќе ги чекаат анкетите на нивните партии за да видат дали ќе ги кандидираат на локалните избори

Следно

Де Ниро во новата серија на Нетфликс „Zero Day“ за заканите од дезинформациите

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop