Катастрофа – не е фер, вели Курти откако Американците го исклучија Косово од воена вежба

May 31, 2023
1 min read

Мислам дека не е фер, но кој сум јас да одлучам, вели косовскиот премиер кој сепак нагласува дека САД се незаменлив пријател и партнер на Косово

Курти се наоѓа во Братислава, од каде денеска и претседателот на Франција, Емануел Макрон, испрати јасна порака дека косовските власти се одговорни за немирите кои значително се зголемија на северот на Косово бидејќи новите албански градоначалници ги преземаа функциите во општините со српско мнозинство

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Одлуката на САД да го прекине учеството на Косово во воената вежба „Бранител Европа 23“, за косовскиот премиер Албин Курти е неправедна и претставува катастрофа.

Но, сепак, нагласува дека САД за него се незаменлив пријател.

„Она што го видовме е прекин на вежбата ‘Бранител Европа 23’, за која се подготвувавме две години. Тоа е катастрофа. Мислам дека не е фер, но кој сум јас да одлучам? Повторно дозволете ми да нагласам дека САД се незаменлив пријател, партнер и сојузник за нашата безбедност и одбрана, за нашата демократија и развој“,

рече Курти во одговор на новинарско прашање од Радио Слободна Европа (РСЕ) дали американските мерки се удар за Косово.

Станува збор за мерки кои САД решија да ги преземат против косовските власти поради ескалацијата на тензиите на северот на земјата во општините со мнозинско српско население.

Курти се наоѓа во Братислава каде се одржува Глобалниот безбедносен форум на Глобсек 2023.

Оттаму, пораки за деескалација на ситуацијата стигнаа и од европските претставници.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој исто така учествува на форумот во Братислава, рече дека косовските власти се одговорни за немирите кои значително се зголемија на северот на Косово бидејќи новите албански градоначалници ги преземаа функциите во општините со српско мнозинство.

Неговиот став е во согласност со ставовите на останатите земји од Квината каде покрај Франција, тука се и САД, Германија, Велика Британија, Италија.

Порака испрати и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел кој во Братислава имаше средба со Курти и побара итно решенавање на состојбата.

„Сегашната состојба е опасна и неодржлива. Потребна ни е итна деескалација и решение преку дијалог, како и да се вратиме на работа на имплементација на постигнатиот договор“,

објави Борел на Твитер.

Курти во Братислава денеска се сретна и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, кој порача дека ситуацијата мора и може да се реши само преку дијалог.

Лајчак утре ќе отпатува и во Кишињев (Молдавија) каде ќе се одржи Вториот самит на Европската политичка заедница. Тој ќе патува таму само за да се сретне со Вучиќ чие учество е најавено на утрешниот самит. Таму, српскиот претседател ќе се сретне и со Борел.

РСЕ пишува дека оттаму, специјалниот претставник ќе ги посети и Белград и Приштина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Врие во влада: Вработените се закануваат со штрајк, власта со казни

Следно

Макрон кажа дека треба да се направат уставните измени и да се искористи согласноста на ЕУ за проширувањето, вели премиерот

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop