Катар ослободи осум Индијци, откако претходно им беа укинати смртните казни

February 12, 2024
1 min read

Катар ослободи осум поранешни индиски поморски офицери откако им ја укина смртната казна, соопшти денеска индиското Министерство за надворешни работи, заблагодарувајќи му се на катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани за одлуката донесена 18 месеци по апсењето на Индијците, што ги влоши дипломатските односи меѓу двете земји.

Мажите беа обвинети и осудени за шпионирање за Израел, иако Индија и Катар официјално не го потврдија тоа. Смртната казна беше изречена во октомври, но беше поништена во декември. Индија соопшти дека офицерите се вратиле во земјата, а некои од нив рекоа дека се ослободени по „лична интервенција“ на премиерот Нарендра Моди.

Њу Делхи беше во преговори со Катар неколку месеци откако мажите беа уапсени во август 2022 година. Уапсените работеле на проект за подморница за приватна компанија кога катарските власти ги уапсиле.

Информацијата дојде неколку дена откако катарски и индиски фирми го потпишаа најголемиот меѓусебен договор за снабдување со течен природен гас од Катар, по состанокот меѓу Моди и емирот Ал-Тани на маргините на самитот КОП28 во декември во Дубаи.

Во Катар живеат и работат повеќе од 800.000 Индијци.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мерцедес ја пронајде замената за Хамилтон!?

Следно

Санкционирани 175 возачи во Скопје, 32 за управување под дејство на алкохол

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop