КАРДАЛЕВСКА, ЕВТИМОВ И МИЛОШЕВСКА-ПОПОВ ГОДИНАВА ЌЕ РЕЖИРААТ ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

February 17, 2025
1 min read

Театар Комедија годинава ќе има три премиери со буџет од 39 илјади евра (2, 4 милиони денари), согласно делегираниот буџет кој го доби од Министерството за култура и туризам.

Од Театарот денеска соопштија дека Управниот одбор дал согласност парите да бидат распоредени во следниве три проекти:  „Секс, лаги и главоболки”, во режија на Александра Кардалевска (колективно авторство) во висина од 200 илјади денари (над 3.200 евра),  „Аматери”, во режија на Синиша Евтимов (според Луис, Шилдс и Џонатан) во висина од 1, 4 милиони денари (околу 22.650 евра) и за „Ивана, принцезата на Бургунд”, во режија на Драгана Милошевска-Попов, во висина од 800 илјади денари (околу 13.000 евра).

Министерството за култура и туризам годинава одлучи 18 национални установи да добијат делегиран буџет.

Според Законот за култура, годишната програма за работа на националните установи на кои им е наменет делегираниот буџет ја донесуваат директорите на установата, по претходна согласност на Управниот одбор во рок од 15 дена од донесување на решението, по што Министерството за култура и туризам и директорот склучуваат договор за финансирање на годишната програма за работа на Националната установа. Својата програма националните установи треба да ја објават на својата веб-страница.

Минатата недела, Драмскот театар во Скопје соопшти дека во театарот годинава ќе режираат претстави Иван Пеновиќ од Хрватска, Синиша Евтимов, Ненад Витанов, Филип Петковски и Драгана Милошевска-Попов. Драмски театар доби буџет од 5,9 милиони денари (95.885 евра) за реализација на пет претстави во 2025.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поднесена истрга против шест лица поради трговија со луѓе

Следно

Кривична пријава за правно лице од тетовско, немало преземени мерки за безбедност на градилиште на кое загина работник

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop