Капитенот на Франција се прости од репрезентацијата

January 10, 2023
1 min read

Хуго Лорис долги години беше капитен на Франција и сите гледаа на него како на вистински пример во тимот, но од денеска натаму, Дидие Дешамп ќе мора да бара нов лидер во француската репрезентација.

Дешамп пред два дена го продолжи договорот со Франција и останува национален селектор уште три години, а вечерва доби вест дека веќе нема да може да смета на искусниот голман на Тотенхем.

Лорис реши да стави крај на репрезентативната кариера на 36-годишна возраст, па така поразот во финалето со Аргентина е негов последен меч за националниот тим.

– Едноставно доаѓа време кога мора да ги предадете ракавиците на некој друг. Oтсекогаш сум велел и повторувал дека францускиот тим не му припаѓа никому и мораме сите да се погрижиме да биде така. Јас како капитен, мора да бидам пример за останатите.Тимот е подготвен да продолжи, имаме и голман кој е подготвен (Мајк Мењон). Претпочитам да си одам кога сум во најдобра форма, подобро тоа отколку да чекам пад или премногу конкуренција. Имам и семејни прични, чувствувам потреба да поминувам повеќе време со сопругата и децата, – изјавил Лорис за „Лекип“.

Лорис 14 години беше прв голман на Франција, собра вкупно 145 настапи за репрезентацијата, на 121 беше капитен, а одигра на вкупно четири Светски првенства. Двапати играше во големото финале и во 2018-та година стана светски првак, а играше и во финалето на Европското првенство во кое Франција загуби од Португалија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ОЈО ќе информира за случајот за Жан Митрев

Следно

Стејт департментот со критики до Вучиќ поради неговите навреди кон поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово, Едвард Џозеф

Latest from Blog

МВР објави конкурс за вработување на 101 лице – може да се аплицира со диплома од средно образование

Министерството за внатрешни работи објави конкурс за вработување на 101 лица. Ќе вработува 48 лица, приправници со или без работно искуство со високо образование и  53 вработени со средно образование. Право на

Филипче: Неприфаќањето на лидерска средба е сигнал за политичка калкулација од тензиите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот

„Новиот“ тим на потрчкото на Заев, Венко Филипче се луѓе кои биле членови на поранешни НВО и Сорос активисти, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Филипче. Или Филипче само потврди дека е
Go toTop