Камерон во Приштина: Велика Британија е голем поддржувач на независноста на Косово и неговиот суверенитет

January 4, 2024
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Шефот на британската дипломатија, Дејвид Камерон, допатува во официјална посета на Косово, при што оствари средба со шефицата на косовската дипломатија, Доника Гервала-Шварц, јавува Анадолу.

Гервала-Шварц го запозна британскиот колега со актуелните случувања во Косово, особено со безбедносните предизвици во текот на 2023 година.

На прес-конференцијата по средбата Гервала рече дека на Балканот и на Европа, односно на Западот, им е потребна нова стратегија бидејќи старата бледнее.

„Обединетото Кралство за Косово е посебен стратегиски партнер како во нашите билатерални, така и во мултилатералните односи. Во тој контекст, му се заблагодарив на лордот Камерон за неговата континуирана поддршка во процесот на прием на Косово во Советот на Европа. Обединетото Кралство за Косово е многу важен партнер, важен во рамките на НАТО, каде што Косово се гледа себеси“, рече Гервала-Шварц.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Камерон, изјави дека е во Приштина за поддршка, промоција и помош на Косово. Тој рече дека безбедноста, економијата, борбата против корупцијата, владеењето на правото и управувањето се области во кои Велика Британија му помага на Косово и дека ќе продолжи да го прави тоа.

„Ние сме големи поддржувачи на независноста на Косово, неговиот суверенитет, правото на Косово да биде признато од другите како целосно суверена држава“, рече шефот на британската дипломатија.

Камерон истакна дека безбедноста на Западен Балкан е многу важна за Велика Британија и дека тоа е област во која земјата вложува.

Во тој контекст потсети и дека првиот контингент од двесте британски војници се пристигнати во Косово на 6 октомври 2023 година за да го зајакнат КФОР, мировната мисија на силите на НАТО.

Камерон во Приштина ќе оствари средба и со косовската претседателка Вјоса Османи. Британскиот министер синоќа имаше работна вечера со косовскиот премиер Албин Курти и министрите во неговата Влада.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Редица народ за фотографирање крај Божиќната пештера во Скопје

Следно

Генералштабот на војската на Србија бара враќање на задолжителниот воен рок

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop