Генералштабот на војската на Србија бара враќање на задолжителниот воен рок

January 4, 2024
2 mins read

Задолжителниот воен рок во Србија беше укинат на 1 јануари 2011 година и оттогаш во војска одат само оние што доброволно ќе се пријават. Темата за повторно воведување на задолжителен воен рок не е нова во изјавите на српските функционери

Генералштабот на српските вооружени сили покрена иницијатива и му предложи на претседателот на земјата Александар Вучиќ, како врховен командант, повторно да се воведе обврската за служење на воен рок до четири месеци, соопшти денеска Министерството за одбрана на Србија, јавуваат тамошните медиуми.

Припадници на српските вооружени сили / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Целта е, како што се наведува, да се подигнат одбранбените способности на српските вооруженин сили, преку подмладување и подобрување на пополнувањето и обуката на активните и резервните сили, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). 

 „Предлогот на Генералштабот на српските вооружени сили доаѓа по детално разгледување на општата безбедносна ситуација и современите предизвици со кои се соочува Србија како воено неутрална земја, што ја наметна потребата од прилагодување на моделот на регрутирање на армијата, што ќе овозможи зајакнување на севкупниот регрутен потенцијал и обука на поголем број граѓани за одбрана на нашата држава“,

се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Србија.  

Ресорниот министер Милош Вучевиќ говорејќи на темата најави почеток на парламентарна процедура за поништената одлука за прекин на задолжителната воена служба и ревизија на законот со кој се регулира оваа обврска. 

Вучевиќ денеска во гостување на ТВ Хепи изјави дека иницијативата се покренува врз основа на проценка на безбедносната состојба во земјата, додавајќи дека многу европски земји повторно ја активираат обврската за служење воен рок.  

Тој изјави дека во Србија 13 години немало задожителен воен рок и дека сега армијата на земјата има потреба од пополнување на резервниот персонал.  

„Имаме 13 генерации каде немаше задолжителен воен рок, 13 генерации ја напуштија резервата на српските вооружени сили. Нашите одбранбени и безбедносни потреби се да имаме нови регрути и нов состав, кој секогаш е подготвен да ја заштити земјата. Тоа не значи дека се подготвуваме за конфликти или дека некои војни се на хоризонтот“,

рече Вучевиќ. 

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ / Фото: Принтскрин (Архива)

Задолжителниот воен рок во Србија беше укинат на 1 јануари 2011 година и оттогаш во војска одат само оние кои доброволно ќе се пријават. 

Темата за повторно воведување на задолжителен воен рок, како што забележува РСЕ, не е нова во изјавите на српските функционери.  

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за враќањето на обврската зборуваше во 2022 година, а една година претходно, за тоа говореше и тогашниот министер за одбрана Небојша Стефановиќ. 

Инаку, српските власти во своите јавни настапи и понатаму нагласуваат дека Србија нема намера да се приклучи на Северноатлантската алијанса – НАТО и една од ретките земји од регионот на Западен Балкан која не сака да стане дел од воениот блок.  

Во случај српските власти да олучат да го вратат воениот рок, Србија ќе биде меѓу ретките земји во Европа, како Шведска, Литванија или Грузија, кои ја укинаа, а потоа повторно ја воведоа оваа обврска.  

Европски земји кои не го укинаа задолжителниот воен рок се Швајцарија, Норвешка, Данска, Финска, Австрија, Турција, Естонија, Русија, Белорусија, Украина, Грција и Кипар, наведува РСЕ. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Камерон во Приштина: Велика Британија е голем поддржувач на независноста на Косово и неговиот суверенитет

Следно

Кршел сообраќајни знаци во Гостивар, полицијата го уапсила.

Latest from Blog

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

Коњановски: Битола е горда со Михаил, младиот битолчанец кој спаси тричлено семејство

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет се сретна со младиот битолчанец Михаил Николовски, кој неодамна спаси тричлено семејство во разбрануваното море на една од грчките плажи. Според раскажувањето на

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон
Go toTop