Камерон: Јасно е дека Израелците носат одлука да дејствуваат против Иран

1 min read

ЛОНДОН (АА) – Израел донесува одлука да дејствува против Иран, по одмаздничкиот напад на Техеран минатиот викенд, изјави денес британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, јавува Анадолу.

Камерон за време на неговата посета на Тел Авив рече дека се надева дека „тоа ќе се направи на начин кој ќе придонесе за што помала ескалација на ситуацијата“.

Британскиот министер рече дека е во Израел за да покаже солидарност по „ужасниот напад од Иран“.

„Вчера јасно ги изнесовме нашите ставови за тоа што треба да се случи следно, но исто така рековме дека Израел е независна суверена држава и може да ги носи овие одлуки. Правилно е да се покаже солидарност со Израел. Правилно е што јасно ги изнесовме нашите ставови за тоа што треба да се случи понатаму. Но, јасно е дека Израелците носат одлука да дејствуваат“, изјави шефот на британската дипломатија.

Камерон се осврна и на држењето на Хамас на израелските затвореници.

„Единствената причина зошто конфликтот продолжува во Газа е затоа што тие нема да го прифатат тој договор. Потребно ни е заложниците да бидат ослободени, потребна ни е помош и ќе разговарам за тоа со израелската Влада и палестинската управа“, рече Камерон.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Функцијата во корист на кампањата?

Следно

Ал-Тани: Преговорите меѓу Израел и Хамас се во застој

Latest from Blog