Камчев нема право да бара враќање на 1,5 милиони евра во „Рекет“

April 30, 2026
1 min read

Врховниот суд одлучил дека бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара надомест од 1,5 милиони евра во граѓанската постапка за предметот „Рекет“, оценувајќи дека тој не може да се смета за оштетен во случајот.

Како што објави Призма.мк, петмина врховни судии донеле одлука дека Камчев нема основ да ги побарува средствата што ги дал, откако претходно преку својот адвокат Александар Михајловски поднел барање за ревизија на одлуките на пониските судови кои му ја одбиле тужбата.

Камчев во 2022 година ги тужеше Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, како и поранешното Специјално јавно обвинителство, барајќи солидарно враќање на парите што, според неговите наводи, ги дал како рекет, но подоцна се откажа од тужбата против Милевски.

Во образложението на пресудата, Врховниот суд наведува дека тужителот се впуштил во, како што е наведено, „морално недопуштено договарање“ со тужените, со цел да си ја олесни положбата во предметот „Империја“, поради што нема право да бара враќање на дадените средства.

– Кога двете страни се несовесни, ниту една од нив не може да го поврати назад даденото – стои во пресудата. Судот оценил дека со давањето пари Камчев сторил кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, посочувајќи дека евентуалното обештетување би значело нарушување на интегритетот на правосудниот систем.

– Дозволувањето тужителот да биде обештетен би значело компромитирање на интегритетот на правосудниот систем во неговата срж, бидејќи судот на тој начин би го наградил тужителот за учество во однос за кој првотужениот, второтужената и третотужениот претходно се санкционирани со казни затвор – се вели во пресудата.

Дополнително, судот утврдил дека дел од тужбеното барање кое се однесува на околу 500 илјади евра дадени на Јовановски не е поткрепено со материјални докази, како и дека Камчев не бил непосреден сведок за наводната исплата на 1,5 милиони евра кон Јанева.

Со одлуката, Камчев е задолжен да ѝ исплати на Јанева 52 илјади денари за трошоци за одговор на ревизијата.

Предметот „Рекет“ претходно заврши со правосилна пресуда, со која на првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 му беше изречена затворска казна во траење од девет години за кривичните дела „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари“, додека на второобвинетата Катица Јанева ѝ беше изречена затворска казна во траење од седум години за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Шумарите“ за пенал подобри од Астон Вила, Кристал Палас чекори кон финале во КЛ (ВИДЕО)

Следно

Уапсен е педофил, кој 37 години се криел на Филипините- киднапирал и силувал 7- годишно девојче

Latest from Blog

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот
Go toTop