Калифорнија, онаму каде што слободата оди за да умре

2 mins read

Таканаречениот Голден Стејт прво беше дом на Златната треска, потоа на Холивуд па на технолошката револуција во Силициумската долина. Калифорнијците долго време се гордееја со тоа наследство. За време на дебатата во 2022 година против гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом се пофали дека неговата држава е симбол на слободата.

„Иако ова некогаш можеше да биде вистина, под раководство на Њусом и на, во суштина еднопартискиот законодавен дом на државата, Калифорнија се трансформираше во нешто непрепознатливо“, пишува Џоел Коткин.

Калифорниската власт денес ги принудува продавниците да имаат родово неутрален дел за играчки. Се обидува да извлече милијарди како репарации за ропството. Упорно пробува да го контролира говорот и да ги индоктринира младите. Се обидува да го регулира буквално секој аспект од животот во име на „спасување на планетата“.

Иронично, денес најмногу слобода во Калифорнија уживаат мигрантите без документи, бездомниците и ситните криминалци можат да прават срања без многу да се секираат дека некој ќе ги гони

Кога Њусом водеше кампања за градоначалник на Сан Франциско пред 20 години, вети дека ќе го елиминира бездомништвото за 10 години. Сега бројот на бездомници во Калифорнија расте, не само во Сан Франциско, туку и низ целата држава.

Севкупно, во Калифорнија се 30% од вкупното американско бездомно население.

Оние што плаќаат даноци, држат семејства, рентаат или купуваат куќи имаат „слобода“ да ја трпат највисоката стапка на криминал во последната деценија. Средната и работничката класа во Калифорнија имаат „слобода“ да плаќаат меѓу највисоките даноци во земјата.

Во меѓувреме, бизнисите претрпуваат регулаторно цунами, со над 400.000 правила до кои треба да се придржуваат, број што не е споредлив со која било друга држава.

Калифорнија можеби некогаш беше либерална и слободарска, но сега тлее под сè понелибералната „прогресивна“ агенда. Уште како градоначалник, Њусом бараше од фармерските пазари во градот и добавувачите на храна да нудат само „здрава и одржлива храна“ а ги принуди градските работници да ги сечат крофните на  половини или четвртини, за да не се дебелеат.

Законодавците на Калифорнија донесоа закони кои го ограничуваат она што лекарите можат да им го кажат на своите ковид пациенти. Овие правила ги спречија експертите од Универзитетот Стенфорд да сведочат на суд за образовното влијание на карантините.

„Калифорнија сè повеќе ефикасно функционира како еднопартиска држава. Владата на Њусом покажа авторитаризам на кој би можел да позавиди кинескиот претседател“, пишува Коткин.

Додека наводно „репресивните“ републикански држави како Тексас и Флорида работат на спречување на онлајн цензурата, Калифорнија на Њусом се обидува да ја контролира содржината на социјалните медиуми. Сериозно ги намали правата на семејствата, цврсто поддржувајќи ги училиштата за да им дозволат идентификација на родово збунети деца и тоа зад грбот на нивните родители.  

Забранија вајпање и размислуваа да забранат цигари за сите родени по 2007 година, засекога. А тоа е држава каде што марихуаната е суштински легална.

Еден од последните предлози: да им се забрани на деца помлади од 12 години да играат американски фудбал.

Најголем авторитаризам има во образованието во кое суверено владее светото тројство „диверзитет, еднаквост и инклузија“ и секој сомнеж во таа агенда може да резултира со добивање отказ.

Истиот тој школски систем маестрално не успева да ги едуцира децата. Помалку од половина од учениците ги исполнуваат националните стандарди за писменост и едвај секој петти ги исполнува оние за математика.

Ама затоа им се додаваат нови лекции, за климатски промени, за раси… Под палка на добро организирани даскали-активисти, децата од Калифорнија денес се повеќе запознати со деколонизацијата и зелените прашања отколку со таблица множење или граматика.

Државна работна група ja поддржа идејата за доделување 1,2 милиони долари на секој потомок на робови. Сето ова во држава во која ропството никогаш не било легално, барем кога била американска контрола. Се разбира, Калифорнија нема пари за оваа програма за репарации поради нејзиниот огромен буџетски дефицит. Долгот се има зголемено благодарение на тројно зголемување на јавната потрошувачка по глава на жител во последните 50 години.

Ништо не го забрза падот на Калифорнија колку државниот фетиш околу климатските промени. Под Њусом, Калифорнија усвои низа закони (ги викаат „Зелениот Џим Кроу“) кои прават речиси да е невозможно да се изградат станови сo прифатливи цени.

Прилагодено на трошоците за живот, Калифорнија сега има најголем процент на луѓе кои живеат во сиромаштија. Со други зборови, милиони Калифорнијци имаат слобода да бидат сиромашни.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Процентот на заболени од грип скокна за 41,7 отсто

Следно

Ndahet shpërblimi kryesor – Opel Corsa nga loja shpërblyese „Telekomi shpërblen“

Latest from Blog