Календар на МПЦ: Денеска се празнуваат овие светители

March 25, 2024
2 mins read

Наречен Сигријан заради местото Сигрија каде што беше роден. Роднина на царот Лав Исавријанин и на неговиот син Копроним. Имаше огромно богатство и раскош. Но кога Господ Христос се зацари во неговата душа, сето тоа за него изгуби вредност. Се спротивстави на женидбата што му ја наметнуваа, па кога сепак го принудија, успеа да ја посоветува својата сопруга на девствен живот под руво на брак. А штом му починаа родителите, жена му отиде во еден манастир, а тој во друг. Неговиот беше во Сигријанските Гори во Кизичката област. Некогаш славниот и богат Теофан во манастирот живееше како последен сиромав. И сите ? се восхитуваа на таа чудесна промена кај него. Бидејќи стана прочуен по неговата силна вера, воздржливост и мудрост, го повикаа на Седмиот Вселенски Собор во Никеја, на којшто се утврди иконопочитувањето. Заради големата чистота и целомудрие што го красеа Бог му даде дар на чудотворство и ги лекуваше сите болести, особено манијаштвото и лудилото. Му се молеше на Бога за болните и за неволните и им помагаше со својата молитва. А кога се разболе самиот, долго и со благодарност ја трпеше својата болест и не сакаше да Му се моли на Бога за оздравување. Кога повторно настана гонење на иконите од злиот Лав Ерменин, Свети Теофан беше доведен во Цариград и фрлен во затвор, каде што две години помина во тегобност и во маки и понижувања. Тогаш царот го испрати во ропство на островот Самотрак, а ова тој го проѕре со својот дух отпорано и им го кажа на затворските чувари. Но кога стигна во Самотрак, поживеа само дваесет и три дена и се престави кај својот Господ и Создател од Кого го прими стекнатиот венец на невенлива слава.

Тропар
Велик Теофане, пастиру Божји, чудотворче, исповедниче и девствениче, како Христос Кој две природи има, така и ти две особености: девственоста и исповедањето, во еден венец пред Господа ги приложи, а Он, Благиот, благодат изли, од која чудотворства и сила за исповедање на Иконите, свети, ти подари. Радувај се, и за нас моли се, ти, свет Божји угодниче.

Преподобен Симеон Нов Богослов

Овој богоносен и голем отец на Црквата беше роден во Галата Пафлагониска, воспитан во Цариград и вбројан меѓу дворјаните на царевите Василиј и Константин Порфиророден. Остави с ? заради Христа и се повлече во манастир. Се подвизуваше под раководство на старецот Симеон, потоа беше игумен на манастирот на Св. Мамант и најпосле живееше како пустиник. Најголем богослов после Св. Григориј Богослов. Ја чувствуваше благодатта во своето срце. Неговите зборови се вистински духовни и богословски откровенија. Се упокои во 1032 година. Моштите му се чудотворни.

Тропар
Божествено озарение, отче Симеоне, се всели во душата твоја, и ти светило најсветло се покажа во светот, изгонувајќи ја темнината негова, и сите што ја одрекуваа благодатта на Духот, ги увери да ја бараат. Непрестајно моли Го Бог да ни дарува милост голема.

Свети Григориј Двоеслов, папа Римски

Син на сенаторот Гордијан. И самиот потоа беше сенатор и началник на градот Рим. Но штом се упокои татко му, се предаде на духовен живот. Од своето големо богатство изгради шест манастири во Сицилија, а седмиот во Рим, во чест на апостолот Андреј. Во тој манастир и самиот прими потстриг. По смртта на папата Пелагиј го избраа за папа. Тој бегаше од таа чест и власт и се криеше по зафрлени места по горите, но Господ го поткажа на оние што го бараа со тоа што на местото каде што се криеше се јави огнен столб од земјата до небото. Беше необично милосрден. Сите свои приходи ги употребуваше за засолништа за бедните и за гостопримство. Често ги канеше бедните и им служеше на трпеза. Се занимаваше и со пишување корисни книги. Двоеслов или Собеседник се нарекува затоа што напиша книга со таков наслов, а во неа ги изложи добродетелите и чудотворствата на италијанските светители. Го состави и чинот на Литургијата на претходноосветени Дарови (Преждеосвештената Литургија), којашто се служи во средите и петоците на Чесниот Пост. Кога Св. Григориј седеше и пишуваше, неговиот архиѓакон Петар гледаше како над неговата глава лета некаков гулаб. Се упокои во Господ во 604 година.

Тропар
Ангел небессен беше испратен, о Григорие свет, не да те искушува, туку смирение твое да возвестува, да објави како угодник Божји, Пресвета Троица ја прославува, од земјата сведочи за Христовата милост голема. Моли се, пастиру Христов, по твоите молитви, да стигнеме до пределите Рајски љубовни.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Откако откри дека е бисексуалец: Урош Милојевиќ добива УЖАСНИ пораки

Следно

Времето денеска: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Latest from Blog

Холандските обвинители работат на блокирање на извозот на делови за авионите Ф-35 во Израел

ХАГ (АА) – Главниот обвинител на холандскиот Врховен суд побара одобрување на одлуката на Апелациониот суд за стопирање на извозот на делови за борбените авиони Ф-35 во Израел, се вели во официјалното

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по
Go toTop