Како се почитува законот за облигациони односи? – Здруженија: Извршителите продолжуваат да ги крадат граѓаните

1 min read

реклама


Поминаа четири месеци откако стапија на сила новите законски измени во законот за облигациони односи, а во членот 2 беа предвидени измени на правилникот од член 368 каде беше утврдено дека извршната постапка може да се спроведе во рок од 10 години од денот на поднесувањето на барањето за извршување, по овој рок постои апсолутна застареност. Но, според здруженијата „КОСМ“, „Човекот пред заработката“, „Нон Пасаран“ и Партијата за целосна еманципација на Ромите, во овие четири месеци има само неколку одлуки за апсолутна застареност на Апелациониот суд. Како што додаваат, илјадници субјекти ги ставаат граѓаните во тешка сиромаштија.

Според Ненов, претставка до судот поднеле граѓани, но одредени судови одговориле негативно на нивното барање согласно новиот закон. Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, вели дека на граѓанин за долг од 60 денари, извршителот му наплатил  сума од 16.800 денари.

реклама

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите упати апел до судиите да одлучуваат во интерес на граѓаните, односно да го почитуваат законот за облигациони односи.

Овие четири здруженија доставиле и иницијатива до Уставен суд каде го оспоруваат овој член од законот за извршување бидејќи не  е  во согласност со законот за облигациони односи. Доколку и во иднина не се почитуваат нивните барања, на 2 декември ќе одржат протест.

реклама



Претходно

УПОЗ најавува протести во петок пред Собранието

Следно

(ВИДЕО) Скопјанец не може да си загради земјиште бидејќи соседите му ја уриваат оградата

Latest from Blog