Како функционира примирјето на Блискиот исток?

January 20, 2025
1 min read

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас влегува во вториот ден. Деведесет палестински затвореници беа ослободени во текот на ноќта како дел од првата фаза од прекинот на огнот, соопшти израелската затворска служба – повеќето од нив жени и тинејџери.

Три израелски жени, вклучително и двојна британска државјанка, претходно беа ослободени од Хамас – тие се лекуваат во болница во Тел Авив и се во стабилна состојба. Но сепак дека примирјето е кревко покажува изјавата на Израелскиот екстремно десничарски министер за финансии Безалел Смотрич кој зборуваше на Израелското воено радио за поддршка на израелската окупација на целиот Појас Газа.

– Треба да го окупираме целиот појас и да воспоставиме воена управа таму. Не постои „трета сила“ која може да гарантира безбедност таму. – Безалел Смотрич, Министер за финансии на Израел

Министерството за здравство на владата на Хамас во Газа објави дека најмалку 46.913 лица загинале, а 110.750 се ранети во текот на повеќе од 15 месеци војна со Израел. Билансот е ажуриран до полноќ, пред да стапи на сила договорот за примирје. Американскиот претседател Џо Бајден се обрати од Јужна Каролина, по ослободувањето на трите израелски заложнички од Газа.

– По толку болка, уништување, загуба на животи денес, оружјето во Газа замолкна. Стотици камиони влегуваат во Газа „додека зборувам“. „Тие носат помош за цивилите кои многу настрадаа од војната што Хамас ја започна на 7 октомври 2023 година, пред речиси 15 месеци.“ – Џо Бајден Претседател на САД.

Снимка со беспилотно летало од северна Газа, направена за Си-Ен-Ен на првиот ден од прекинот на огнот, го покажува огромниот размер на уништувањето предизвикано од петнаесетмесечната војна. Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста исто така го поздрави прекинот на огнот во Газа и почетокот на ослободувањето на преостанатите заложници кои ги држеше Хамас.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска охриѓани го одбележаа денот на рибарите

Следно

Милетиќ: Поради кризата во СДСМ, најдобро да си формираат внатрепартиски кризен штаб

Latest from Blog

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop