Милетиќ: Поради кризата во СДСМ, најдобро да си формираат внатрепартиски кризен штаб

January 20, 2025
1 min read

Поради кризата во СДСМ, им предлагам дека е најдобро да си формираат внатрепартиски кризен штаб за да започнат со длабоки реформи во нивните редови, а со цел да го сузбијат енормниот криминал кој го имаат сторено, да ги санкционираат нивните структури кои правеле криминал и ги донеле претпријатијата во ваква состојба за време на нивното владеење,  посочува Петар Милетиќ, директор на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија.

-Исто така, им препорачувам да си формираат и еден кризен штаб кој ќе им дава точни податоци за ситуациите настанати во државава. Уште еднаш потенцирам дека дефектот беше бајпасиран во рок од неполни два часа и на граѓаните на Град Скопје експресно им се нормализираше испораката на топлинска енергија. Дополнително, еден мал дел вонредно се санира поради негрижата од претходното раководство на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, назначено од СДС и ДУИ, истакна тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како функционира примирјето на Блискиот исток?

Следно

Данела ја предизвика власта побрзо да го донесе Законот за локална самоуправа, со кој ќе се отповикуваат градоначалници

Latest from Blog

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop