„КАЈМАК“ НА МАНЧЕВСКИ НАГРАДЕН ОД ФИЛМСКАТА КРИТИКА НА ФЕСТИВАЛОТ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

August 29, 2023
1 min read

„Кајмак” на Милчо Манчевски освои Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот) на затворањето на Меѓународниот фестивал во Херцег Нови, Црна Гора. На свеченоста, покрај Манчевски, присуствуваа и актерите од филмот Александар Микиќ и Ана Стојановска.

„Филмови не се прават за награди, ама вакво признание е потврда за вложениот труд и талент на целата екипа”, изјави Манчевски.

Деновиве се појави нова рецензија за „Кајмак” во американските медиуми.

„Манчевски вградува повеќе значење во ‘Кајмак‘ отколку што би имало во една обична секси лудорија, истражувајќи ги и императивот да се биде родител и еластичните граници на моногамијата. Сите улоги во ‘Кајмак‘ се одлични. Ликовите имаат многу секс, ем радосно откачен, ем грешен до наежување. Филмот е многу смешен, а Манчевски дури и слатко им намигнува на шпагети вестерните на Серџо Леоне“, вели „Муви гурме”.

„Кајмак“ ја имаше американската премиера на 33. издание на Синеквест во Калифорнија, еден од најголемите и најреномирани независни фестивали на американскиот континент. Во почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште три фестивали: i-Fest во Калабрија (Италија), каде што ќе има и ретроспектива на опусот на Манчевски, Балкан панорама во Измир (Турција) и „Avant&Una“ во Бихаќ (БиХ).

„Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот. Продаден е за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка и Кариби. Светската премиера ја имаше на фестивалот во Токио.

Филмот ја освои Специјалната награда на жирито на Фантаспорто во Португалија, а Сара Климоска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Сомбор, Србија. „Кајмак“ беше најгледаниот филм во Македонија минатата година.

Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директорка е Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Ијан Прајор.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орвелијанско киднапирање на „транспарентноста“

Следно

Квалификации ЕУРО2024: Утре почнува продажба на влезници за гостувањето на Италија

Latest from Blog

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го
Go toTop