Кајли Џенер – најмладата самостојно стекната милијардерка во светот

January 20, 2026
1 min read

Џенер е основачка на козметичката компанија Кајли Козметикс (Kylie Cosmetics), која, според процените, во 2018 година остварила приход од околу 360 милиони долари. Вкупното нето богатство на Џенер се проценува на една милијарда долари. Со тоа, таа го надмина и основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, кој својата прва милијарда ја достигнал на 23-годишна возраст.

На најновата листа на „Форбс“ на милијардери помлади од 30 години се наоѓаат вкупно осум лица, од кои тројца самостојно го стекнале своето богатство. Меѓу нив се ирскиот претприемач Џон Колисон (29), коосновач на технолошката компанија Страјп („Stripe“), со проценето богатство од 2,1 милијарди долари, како и Еван Шпигел (29), коосновач на компанијата  Снеп („Snap“), позната по социјалната мрежа Снепчет (Snapchat), со исто така проценето богатство од 2,1 милијарди долари. Според истата листа, основачот на Амазон („Amazon“), Џеф Безос, и понатаму е најбогатиот човек во светот, а неговото богатство за една година е зголемено за 19 милијарди долари. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци

Следно

Димитриеска Кочоска: Поддршката од Светска банка е клучна за економските реформи

Latest from Blog

Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на

Грците распоредија ракетни системи и авиони Ф-16 за да ја заштити Бугарија од можни ирански напади

Грчкиот министер за одбрана во петокот изјави дека ракетна батерија „Патриот“ и два борбени авиони „Ф-16“ ќе бидат распоредени на север од земјата за да помогнат во заштитата на Бугарија од можни

Валверде е спасителот на Реал против Селта

Екипата на Реал Мадрид вечерва со многу потешкотии успеа да дојде до трите бода и победата на гостувањето кај Селта откако постигна гол во последните секунди од мечот за конечни 1:2. Херој
Go toTop